ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Оценска мисија во Република Македонија Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права- Управна постапка и управно право
14:33, понеделник, 11 јуни 2018

Денеска (11. јуни,) во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа средба со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од страна на Европската Унија.  Истата има за цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во државата и тоа во два сегменти во управната постапка и управните спорови. На средбата со која и официјално започнува оваа мисија присуствуваа и Министерката за правда, Рената Дескоска и Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски.

„Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и воедно е  најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграциипотенцираше Османи за време на средбата, во овој контекст тој додаде дека од особено значење за напредокот на Република Македонија е подобрување на судскиот систем особено во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.

Имајќи предвид дека е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени системот на управно одлучување во Република Македонија, оцени Османи.

Оценската мисија ќе трае четири работни дена, по кое ќе следи подготовка на конечен Извештај со препораки кои ќе бидат составен дел од реформските процеси.

Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.