ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПЛАНОТ 18 ПРЕТСТАВУВА ЛОГИЧНО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПЛАНОТ 3-6-9 СЀ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ
15:59, четврток, 31 мај 2018
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, го презентираше новиот реформски план, Планот 18 пред претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, предводени од Евроамбасадорот Самуел Жбогар.

На почетокот, Османи изрази задоволство од имплементацијата на Планот 3-6-9, особено неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република Македонија, кој беше придружен со чиста и безусловна препорака за преговори од страна на Европската Комисија.

„Владата има цврста определба да ја задржи реформската агенда на врвот на листата приоритети и по завршувањето на имплементацијата на Планот 3-6-9, за што, Секретаријатот за европски прашања  презеде обврска да изготви нов реформски план за 2018 година, чија реализација треба да заврши со излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија на почетокот од следната година.“, изјави Османи, посочувајќи дека Планот 18, кој сѐ уште е во фаза на усогласување, се очекува да помине на Влада следната недела, по што ќе биде ставен на увид и на експертската јавноста, граѓанскиот сектор, од каде се очекува негово дополнување и финализација. „Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи“, изјави Османи, додавајќи дека во Планот влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската Комисија, а Планот ги зема предвид и насоките кои се содржат во шесте водечки иницијативи на Стратегијата на Европската Комисија.

Османи побара од Евроамбасадорот Жбогар и од претставниците на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и тие да придонесат со свои забелешки, сугестии и коментари при финализацијата на содржината на Планот, кој следната недела се очекува да биде усвоен од страна на Владата, по што Вицепремиерот Османи најави дека предвидува посета на Брисел, каде Планот ќе биде презентиран и пред администрацијата на Европската Унија.
Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.