ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
16:52, среда, 23 мај 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугарески и шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, извршија увид на реконструираните железнички станици во Велес и во Чашка, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со која се промовира поддршката од Европската Унија за подобрување на инфраструктурата во земјата.

 

Во рамките на соработката, реновирани се 10 железнички станици лоцирани на паневропскиот железнички коридор 10 и кракот 10-д, за што се наменети околу 2,5 милиони евра, од кои најголемиот дел или околу 2,1 милиони евра се средства од ИПА програмата, а преку кои се врши подобрување на целокупниот квалитет на услугите за патниците и карго-превозот, зголемувајќи ги техничките стандарди и капацитети.

 

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека поддршката на ЕУ кон Република Македонија значително придонесува за забрзана реализација на инфраструктурните проекти и притоа дополни дека инвестициите во обновата на железничките станици се само дел од поддршката која Македонија ја има од ЕУ.

 

„Со грант од ЕУ во висина од 2,1 милиони евра се реконструирани 10 железнички станици, додека дополнителни 2,5 милиони евра се наменети за реконструкција на железничката станица во Скопје. Сепак тоа е помал дел од поддршката за изградба на железничката инфраструктура. Во тек е изградба на пруга со која Република Македонија се поврзува со Република Бугарија, кадешто Европската Унија обезбеди грант од 70 милиони евра како дел од средства за изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка и дополнителни 60 милиони евра неповратни средства за третата делница Крива-Паланка – граница со Република Бугарија. Вкупната вредност на целиот проект за изградба на пруга кон Бугарија е околу 500 милиони евра, а поддршката од ЕУ е навистина значајна“, нагласи Анѓушев

 

Вицепремиерот Османи оцени дека соработката со ЕУ, која резултирала со обновени 10 железнички станици на паневропскиот коридор 10 е на особено високо ниво. Тој истакна дека средствата од ЕУ се наменети правилно, за подобрување на инфраструктурниот крвоток и за унапредување на условите за живот на македонските граѓани.

 

„Поголемиот дел од овие средства, или околу два милиони евра, не се пари на нашите даночни обврзници, туку тоа се пари на даночните обврзници на земјите - членки на Унијата, кои одлучиле, наместо да ги потрошат во своите држави, за реновирање на, на пример, нивните сопствени железнички станици, да ги насочат кај нас, за ние да ги реновираме нашите.“ – истакна Османи на средбата, потенцирајќи дека е тоа клучната идеја на Европската Унија, идеја во која се вградени  вредности како што се еднаквост, рамноправност и заедништво.

 

Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар посочи дека инвестициите на Унијата не треба да се гледаат само низ призмата на изградена инфраструктура, туку дека тоа се инвестиции за граѓаните.

 

„Сакаме луѓето полесно да патуваат, лицата со хендикеп да имаат услови да патуваат со железница, патувањето да биде побезбедно и секако да се овозможи економски развој. Европска Унија досега во транспортниот сектор има инвестирано околу 250 милиони евра, а добра вест е дека може да се очекува поддршка и во иднина, особено во железницата, која се смета за брза и поеколошка транспортна опција“, подвлече ЕУ амбасадорот.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСПОРАЧАНИ – ОЧЕКУВАМЕ КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ОВАА ГОДИНА
ОСМАНИ: ГРАДИМЕ АВТОПАТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО, СОЗДАВАЈЌИ ЕВРОПСКА ИДНИНА ЗА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: ВЛЕГУВАМЕ ВО КЛУЧНАТА ГОДИНА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА Е ПОСУШТИНСКА ДЕБАТА ЗА РОДИТЕЛСКИОТ ДОДАТОК ЗА ТРЕТО ДЕТЕ
ОСМАНИ: ВО СЕП Е СКОНЦЕНТРИРАНА НАЈСИЛНАТА ЕКСПЕРТИЗА ЗА УСПЕШЕН СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО 2019
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.