ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
12:37, петок, 11 мај 2018

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со делегацијата на Паневропското движење од Германија и Австрија, кои се во неколкудневна посета на Република Македонија.

„Паневропската идеја за обединета Европа веројатно претставува една од најпрогресивните и најблагородните идеи на минатиот век, која сè уште ја плени политичката идеологија на континентот. Таа е во иста насока и со нашите стратешки интереси за полноправно членство во Европската Унија“, истакнаа Османи на средбата. Тој додаде дека не само Македонија, туку и интеграцијата на целиот Западен Балкан во Европската Унија претставува еден од најголемите предизвици на земјите од регионот, но во моментов и еден од најважните приоритети на Европската Унија.

Во овој контекст Османи го посочи позитивното расположение кое се создаде во текот на минатата година околу иднината на земјите од Западен Балкан, чии напредок беше валоризиран со Стратегијата за проширување на Комисијата, а  подоцна беше потврден и со извештаите за земјите од Западен Балкан. Овој нов бран европски оптимизам придонесе за создавање на нова позитивна атмосфера во регионот и претставува охрабрување и поттик за понатамошни реформи што ќе го приближат Западен Балкан кон ЕУ.

Османи потенцираше дека оваа посветеност на Унијата кон Западниот Балкан ќе ја има својата кулминација наскоро, на претстојниот Самит во Софија посветен токму на регионот, не криејќи ја притоа надежта и очекувањата на Република Македонија за одлука од страна на Европскиот совет во јуни, за почеток на преговорите.

„Нашите стратешки интереси се во насока на вашата историска мисија за обединување на Европа“, истакна Османи, додавајќи дека Македонија има континуирана поддршка од страна на Австрија и Германија, и во таа насока очекува поддршка и од страна на германските и австриските претставници на Паневропската организација кои со својата моќ и влијание можат да дадат придонес во остварувањето на нашата стратешка цел -приклучувањето на Македонија во големото европско семејство.
Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.