ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
11:47, четврток, 10 мај 2018

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со германскиот државен Министер за Европа, Михаел Рот.

Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западен Балкан, најсилно истакната преку иницијативата „Берлинскиот процес“, како и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија. Османи изрази надеж дека во одлучувачките денови и недели кои претстојат, Германија, ќе продолжи со засилено темпо да го предводи процесот на проширување на ЕУ, истакнувајќи ја тука и поддршката за евроинтегративниот процес на Македонија.

Во оваа насока тој посочи на позитивното расположение кое се создаде во текот на минатата година околу иднината на земјите од Западен Балкан, чии напредок беше валоризиран и со Стратегијата за проширување на Комисијата, како и подоцна со извештаите за земјите од Западен Балкан. „Сите овие настани, целиот овој контекст, создава нова позитивна атмосфера во регионот и претставува охрабрување и поттик за понатамошни реформи што ќе го приближат Западен Балкан кон ЕУ, процес кој се надевам ќе биде крунисан со позитивни заклучоци на претстојниот Самит во Софија, со што ќе се забетонира евроатлантската ориентација на регионот“, истакна Османи.

„2018 е клучна година за напредокот на Република Македонија, но и за севкупните европски перспективи на Западниот Балкан. Тоа е година кога и ние, нашите соседи, но и земјите на Унијата треба да донесат храбри и вистински одлуки“ - истакна Османи. Во таа насока тој посочи дека Република Македонија успешно ги адресираше предизвиците кои стојат на патот на нејзините европски интеграции, што очекува да резултира и со одлука на јунскиот состанок на Европскиот Совет, за почеток на преговори, a за чија успешност, секако се надева и на поддршката од страна на Германија.

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување, Вархеји и колегите од регионот
Од средбата Димитров - Рот: „Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат“
Димитров: „Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за ЗБ особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, за забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот”
Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ
ЗПВ Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.