ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Говори
Обраќање на Вицепремиерот Бујар Османи на традиционалниот „ЕУ Појадок„
14:02, среда, 09 мај 2018
Почитувани граѓани  

Посебна благодарност до амбасадорот Жбогар за неговите извонредни напори да ја промовира „ЕУ за вас“ инцијативата, и до ценетиот амбасадор Петков за напорната работа да го издигне Западен Балкан високо на агендата на ЕУ . . . токму онаму каде што припаѓа.      

Ние искрено чувствуваме дека овој ден, Денот на Европа, е значаен како наш празник, едноставно затоа што и ние сме дел од Европа. И по напорната работа, верувам дека конечно сме спремни да ги продлабочиме тие односи.  

Ако ги земеме предвид заедничката историја, заедничката географија и најважно заедничките вредности и заедничките стратешки интереси во политичка и економска смисла, заклучокот е едноставен каде сакаме да одиме, политички и економски, заклучокот е едноставен:  

Веќе сме важен дел од Европа ...  

Но, во исто време, треба да признаеме дека за да станеме дел од Европската Унија, со сите права и обврски, треба да продолжиме по патот на развојот и посветеноста на демократските вредности. И ние сме целосно посветени на тој пат.  

Мора да ги одржуваме и да ги продлабочуваме реформите што ги започнавме со цел да изградиме модерна функционална демократија,  

Мора да продолжиме со работата за создавање на одржливи и професионални институции, просперитетна економија и инклузивно општество.  

Општество кое ги цени еднаквите можности за сите, без оглед на националноста, етничката припадност или религијата.  

Кога ќе ги постигнеме овие цели, а сигурен сум дека тоа ќе се случи со вашата континуирана поддршка, ќе станеме горда членка на Европската Унија.  

Секако... Европа која е обединета во вистинска смисла ќе биде појака и попросперитетна Европа особено во однос на новите предизвици од големи размери за нашите заеднички вредности – со кои се соочуваме однадвор  

Мнозинството од нашите граѓани знаат дека ова е точно. Впрочем помеѓу 70-80 % од населението, се за членство во ЕУ и НАТО,  

Оваа Влада е подготвена успешно да се справи со сите предизвици и препреки кои ни стојат на патот.  

Без сомнение, политичката криза со која се соочивме изминатите години беше закана за вртење на нашата земја во погрешна насока кон изолација и автократија.  

Но поради храбрите сограѓани кои останаа обединети и цврсто бараа враќање на земјата  кон европските вредности и  политичките лидери кои ја  слушаа волјата на  овие луѓе ... и за нашите заеднички демократски вредностиземјата се врати на патот кон евро-атлантското семејство. Според мене, оваа криза е јасен доказ дека предолгото држење на земјата на чекање е ризик од создавање недостаток на демократски кислород. Треба да направиме сé што е можно ова да не се повтори.    

Правиме значителен напредок.  

И ова во голема мера е резултат на големата поддршка и охрабрување кои постојано ги добивавме од ЕУ, САД и сите кои денес се тука присутни.  

Како резултат во овој момент во нашата земја има големи очекувања, надеж и добра волја кон западот.  

Отсекогаш знаевме и знаме каде припаѓаме.  

Според мене кризата која ја надминавме со тешка борба и напредокот кој го направивме оттогаш се јасен доказ дека оставањето на оваа земја во условно кажано чекалната за влез во НАТО и ЕУ премногу долго е ризик кој содава на недостаток на демократски кислород за луѓето. Заедно се боревме за свеж воздух на демократија. Не смееме да си дозволиме да се вратиме назад.  

Затоа сите мора да направиме СЕ што е можно за ова да не се повтори. Можеме да ја најдеме безбедноста само како членка на НАТО и Европската Унија.  

Во таа насока Новата Влада, кога ја презеде одговорноста минатото лето, повлече јасна линија кон која ќе се движат реформите, а тоа е во насока на создавање вистинска европска држава . . држава во каква луѓето сакаат да живеат и во која ќе се враќаат  

Нашите граѓани сакаат стабилна држава со демократски, институции кои ќе обезбедат живот без страв и репресија;  

Тие сакаат избори во кои гласовите ќе бидат дадени слободно, без притисок и без насилство;  

Тие сакаат економско опкружување каде што конкурентната способност ќе биде важна, а не политичката припадност,  

Тие сакаат земја која има пријателски односи со сите соседи и Влада која ќе ги реши отворените прашања, а нема да ги ескалира истите и нема да ги охрабрува историските непријателства.  

Овие беа насоките за нашите реформи, а Планот 3-6-9 беше алатка за воспоставување основа за овие реформи.  

Се фокусиравме  

Прво на ИРП и спроведување на клучните реформи во судството, јавната администрација, безбедносните служби, медиумите и  

Второ на решавање внатрешни прашања поврзани со ОРД и отворени прашања со нашите соседи (Бугарија и Грција).  

Постигнавме многу во овој поглед, со потпишување на Договорот за добрососедски односи со Бугарија (ратификуван и во македонското собрание и во бугарскиот парламент), со што се отстрануваат пречките и се затвора долготрајното отворено прашање.  

Во однос на Грција, видлив е напредокот. И верувам дека успехот  е на дофат  

Имаме чести официјални средби на високо ниво помеѓу Скопје и Атина, второ преговорите со посредство на ОН што добија нова енергија., Исто така спроведувањето на мерките за градење на доверба – МГД, резултираше со зголемена доверба не само меѓу политичарите, туку меѓу луѓе во сите аспекти на двете општества.  

Со Грција, сме на прагот на голем политички и историски момент на помирување.  

Потребни ни се храбри одлуки -од двете страни- за посветла иднина за луѓето од двете држави, но и за поширокиот регион на Балканот ... и секако за Европа.  

Дами и господа,  

Гледајќи наназад во годината што е зад нас, оваа година, ќе се согласите, имаме посебна причина повеќе да славиме, поради она што сме го постигнале досега   2018 година, е година на единствени можности.  

За само една година успеавме да ја вратиме државата на правиот и неповратен пат кон евроатланската интеграција.  

Оваа реформска Влада смело се осврна на предизвиците и успеа да ја трансформира „заробената“ држава во инклузивна, транспарентна и европска.  

Успеавме да ги „одмрзнеме“ односите со нашите меѓународни стратешки партнери и поддржувачи, да ги „ослободиме“ нашите институции, администрација и целото општество.  

И верувајте ми . . . работата продолжува   Претседателот Туск за време на неговата посета изјави „за само една година импресиониравме со реформските процеси и пишува едно сосема ново поглавје во својата историја и во односите со ЕУ“, а високата претставничка Могерини рече: „Како да доаѓам во една сосема друга држава“.  

Се согласувам со изјавата на  г. Туск и би додал дека колку и да постигнавме во ова кратко време, останува уште многу да се сработи и целосно сме свесни дека нема да биде лесно и дека треба време.  

Но таква е природата на демократијата, како што добро знаме сите ние.   Многу често ме прашуваат да дадам аргументи за тоа зошто треба да бидеме дел од ЕУ и треба да започне преговори за пристапување.  

Во мојот говор се надевам дека дадов некои аргументи, но дозволете ми да резимирам уште неколку за кога ќе одлучувате во вашите главни градови во следните недели за идните односи на ЕУ со мојата земја. Замолувам земете предвид дека оваа земја 
• е единствената земја во регионот која целосно ги реши сите гранични спорови,
• е целосно функционално мултиетничко и мултиконфесионално демократско општество,
• е делот што недостига во мозаикот на ЕУ што може да донесе нов здив на кохезивен дух во ЕУ и може да послужи како позитивен пример за целиот регион на Западен

• е подготвена да дејствува целосно во согласност со позициите на ЗНБП и да биде дел од новите структури на одбраната на ЕУ,

• прави сé што може, да ги надгради своите добрососедски односи на ниво на стандардите и барањата на ЕУ,

• и е подготвена во политички поглед и во однос на институционалните капацитети, да ги започне преговорите за пристапување.   Понатаму, како аргументи за одлуката, почитувани Екселенции, ако не ги започнеме преговорите за пристапување, ризиците се многу, но дозволете ми да истакнам неколку:

• губењето надеж за членство во ЕУ и во НАТО ќе предизвика младите образувани луѓе да продолжат да ја напуштаат земјата намалувајќи ја работната сила и потенцијалот за развој и раст,

• губењето надеж може исто така да предизвика силен замор од ЕУ и скептицизам за ЕУ,

• ќе се создадат анти-НАТО чувства,

• поделбата на населението по етнички, верски и социјални линии ќе се продлабочи, што ќе резултира со ранливост на демократските институции и капацитетот за владеење,

• ќе се намали нивото на отпор и ќе се создаде плодна почва за мешање и зголемено влијание на трети земји,

• ќе се остави простор за продирање на потенцијални насилни групи, со што ќе се зголемат ризиците од тероризмот, екстремизмот и национализмот.    Затоа, не можеме да си дозволиме да го пропуштиме овој историски момент.  

Тој мора да се искористи како основа врз која ќе изградиме уште поширок внатрешен консензус за сите предизвици на овој пат и нема да дозволиме да ја пропуштиме можноста да им обезбедиме на идните генерации безбедна, стабилна и просперитетна перспектива. Заборував за важноста на 2018 година.

Позитивното расположение создадено во текот на минатата година околу иднината на земјите од Западен Балкан како потенцијални членки на Европската Унија веќе е охрабрувачко. . . . да ги споменам изјавите на канцеларката Маркел и успешниот Берлински процес и состанокот во Трст, говорот на Сорбона на претседателот Макрон, говорот за состојбите во Унијата на ПЕК Јункер и премиерот Борисов, кој го издигна Западен Балкан на агендата на ЕУ.

Би можел да продолжам.

Со нетрпение го очекуваме историскиот Самит во Софија следната недела, првиот самит за проширување на Европската Унија по оној во Солун во 2003 година, каде што очекуваме да се повтори европската перспектива на земјите од Западен Балкан со Декларацијата и нејзиниот Анекс- Софија (позитивна) агенда.

Софија сигурно ќе донесе нова енергија и стимулации за поврзување, стабилност, безбедност и економски просперитет на ЗБ, со што ќе создаде услови за неговата европска иднина, вклучително конкретна политичка и финансиска поддршка. На состанокот на Советот во јуни, нашето очекување е официјално да слушнеме датум за почеток на пристапните преговори, потврден од Европскиот совет.

Бугарија успешно го отвори патот за Западен Балкан и ја постави основата за натамошно проширување, а нашите силни очекувања се дека Австрија, Романија, Финска и Хрватска последователно, како идни претседателства со ЕУ, ќе го следат тој пат. Го земам предвид и претстојниот Самит во Лондон, кој е исто така важен чекор за задржување на Западен Балкан и вистински теми на агендата. 

Дами и господа,

Процесот на интеграција во ЕУ е долготраен, генерациски проект кој не може да биде врзан за една влада или политичка партија, туку му припаѓа на целото општество, на секој поединец.  

Тоа е историски избор кој нема да дојде како подарок, туку само како награда за напорна работа и инвестиции. Во демократиите, како нашата, луѓето се предводени од избрани парламенти и влади. Владата треба да води, да донесува одлуки и да го постави темпото на реформите.   Успехот или неуспехот на една влада во овој процес ќе одмери колку таа била успешна во своето време. 
Сподели ја содржината!
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Биографија
Интервјуа
Говори
Галерии
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.