ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ОДЛУКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ
12:46, среда, 09 мај 2018

По повод 9 мај, Денот на Европа, Секретаријатот за Европски прашања, денес, во просториите на Клубот на пратеници, го организираше традиционалниот ЕУ појадок. На настанот, покрај домаќините, присуствува амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и други претставници на странските претставништва во Македонија.

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во својот поздравен говор, направи мала ретроспектива на долгиот пат на евроатлантските интеграции на Република Македонија, посочувајќи ја притоа одлучноста на земјата да го затвори овој процес час поскоро

„Ако ја земеме предвид нашата заедничка историја, заедничка географија, и најважно, нашите заеднички вредности и заеднички стратешки интереси, во политичка и економска смисла, заклучокот е едноставен: Ние веќе сме важен дел од Европа“, ќе изјави Османи во своето обраќање.

Во продолжение, Вицепремиерот Османи укажа на предизвиците со кои се соочи државата изминатиот период, кои кулминираа со политичката криза и кои се закануваа да ја втурнат земјата во погрешна насока. „Тоа е јасен доказ дека предолгото држење на земјата на чекање пред портите на ЕУ и НАТО е ризик од создавање недостаток на демократски кислород за нарот“, истакна Османи

На крајот, Османи, посочувајќи го напредокот кој државава го оствари изминатиов период, ги образложи пред амбасадорите и бројните причините зошто Македонија треба да добие поддршка во своите евроатлански аспирации, повикувајќи ги притоа амбасадорите на земјите членки да ги пренесат овие пораки онаму каде се носат одлуките, во нивните главни градови -

„На состанокот на Советот во јуни, нашето очекување е официјално да слушнеме датум за почеток на пристапните преговори, потврден од Европскиот совет. Ве уверувам дека Владата и администрацијата се подготвени да се справат со предизвиците на преговарачкиот процес“ - изјави Османи

На настанот, традиционално, свое пригодно обраќање имаше и Амбасадорот на Европска Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.