ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ НАПРЕДОК ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛОНДОНСКИОТ САМИТ
17:15, петок, 27 април 2018
Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Фиона Мекилвам, директорката за Западен Балкан во британскиот Форин Офис.

Вицепремиерот Османи најнапред изрази благодарност за поддршка од страна на Велика Британија во однос на важноста од продолжување на процесот на проширување на Европската Унија, и покрај нивното напуштање на Унијата, како гарант за безбедноста, стабилноста, демократијата и владеењето на правото Европа како целина, и го поздрави нивниот јавно изразен став дека Македонија треба што поскоро да ги започне преговорите за членство во Унијата. Во оваа насока Османи изрази надеж дека досегашната поддршка од страна на Велика Британија за членството на  Македонија во НАТО ќе продолжи и во иднина, процес кој е во насока и на зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.

Во текот на разговорот, Османи се осврна и на позитивниот Извештај на ЕК за состојбите и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, кој покажа дека Република Македонија успешно ги адресира Ургентните приоритети, дека е надмината политичката криза, и дека земјата е вратена на нормалниот демократски колосек. Тоа, нагласи Османи, заедно со чистата препорака за почеток на преговорите, претставува поттик за државава да остане фокусирана на реформите и посветена на евроатлантската агенда.

„Берлинскиот процес претставува една од најважните компоненти за поврзување на земјите од Западниот Балкан, што, пак создава солидна  основа за унапредување на регионалната соработка“, истакна Османи. Во тој контекст Османи посочи и на високите очекувања од претстојниот Самит за Западен Балкан во Лондон, за време на австриското претседателство, при што нагласи дека очекува истиот да придонесе за унапредување на процесот на проширување до крајот на 2018 година, но и да биде потврда за посветеноста  во исполнувањето на реформите во земјите од Западен Балкан.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба Ангеловска-Бежоска – Османи: Народната банка е посветена на евроинтегративните процеси
ОСМАНИ: АКТИВНОСТИТЕ НА УНОПС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТ
Отворен повик до сите основни училишта на територијата на Република Северна Македонија за учество во проектот на Секретаријатот за европски прашања „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”
Средба Османи - Која: истражување на етничките предрасуди во судството
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.