ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ИНТЕГРАЦИЈАТА ПРЕКУ ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТА Е ОСНОВА ЗА ОДРЖЛИВ МИР И ПРОСПЕРИТЕТ НА ЕВРОПА ВО ЦЕЛИНА
11:53, среда, 25 април 2018
Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска учествуваше на политичкиот форум „Следната деценија, регионалната соработка и европската интеграција” кој се одржа во Приштина во организација на Институтот „Демократија за развој“, Косовскиот центар за безбедносни студии и тинк-тeнкот „Балканска истражувачка група”.

Во рамките на форумот Вицепремиерот Османи се обрати на панелот „Стратегијата за проширување на ЕУ и Берлинскиот Процес за Западен Балкан”, каде заедно со колегите од Косово и регионот, ги презентираа можностите за унапредување на регионалната соработка како и придобивките за земјите од истите.

„Европската Унија останува (единствениот) природен партнер на земјите од Западен Балкан”- потенцираше Османи во воведот од своето обраќање пред присутните на форумот и додаде дека ЕУ со својата политичка стабилност и економска моќ, успеа да се издигне во најголема економија во светот и прерасне во најатрактивна дестинација за бизнис, за трговија, за студирање и живеење, што неслучајно придонесе не само сите земји од Источна Европа и Југоисточна Европа, туку и земјите од Западен Балкан, да се силно ориентирани кон неа.

„Ако размислиме од каде потекнуваме историски, каде припаѓаме географски, но и каде сакаме да бидеме во иднина, ние не треба да одиме никаде, бидејќи ние сме веќе онаму каде што сакаме, ние сме во Европа!”- изјави Османи, додавајќи дека за членство во Европската Унија, сепак се потребни суштински промени кај земјите од Западниот Балкан. Во продолжение Вицепремиерот Османи додаде дека Западен Балкан е регион со долга историја, со широка културна и верска разновидност и во услови кога по неколкудецениски конфликти регионот повторно е стабилен, задача на сите е да се зачува и одржи оваа стабилноста т.е. дека интеграцијата преку почитување на различноста е основа за одржлив мир и просперитет на Европа во целост.

Во врска со Самитот за Западен Балкан кој ќе се одржи наредниот месец во Софија Вицепремиерот Османи изрази надеж дека Самитот ќе донесе позитивен импулс во односите помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, ќе го зајакне инфраструктурното и дигиталното поврзување помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, ќе ја потврди посветеноста на ЕУ кон земјите од Западен Балкан односно ќе ја потврди припадноста на регионот на европското семејство и ќе овозможи заедничко справување со предизвиците од областа на безбедноста, миграцијата како и со предизвиците од геополитичка природа.

“Продолжувањето на процесот на проширување на ЕУ, односно приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ ќе допринесе за посилна, посигурна и побезбедна Европа во целина која ќе се базира на заеднички вредности демократија, владеење на правото и почитување на основните права”-заклучи Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.