ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СОЗДАДЕН Е МОМЕНТУМ КОЈ СЕ НАДЕВАМ ЌЕ ЗНАЕМЕ СИТЕ ДА ГО ИСКОРИСТИМЕ
12:04, вторник, 24 април 2018
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ја предводеше владината делегација на Самитот на шефови на држави или влади на земјите-членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ, Словенија, каде главна тема беа предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебна соработка.

Во своето обраќање Вицепремиерот Османи изрази задоволството од постигнатиот напредок за време на словенечкото претседавање во однос на за нас најважното надворешно политичко прашање денес – проширување на ЕУ, односно процесот на придружување на земјите од Западен Балкан во европското семејство. “Создаден е моментум кој убеден сум ќе знаеме да го искористиме. Мотивацијата со којашто влегуваме во овој процес е силна и како држава подготвени сме да преземеме брзи, и таму каде што е потребно, радикални реформи.”- изјави Османи, посочувајќи притоа на охрабрувачката содржина во минатонеделниот Извештај на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјата, и безусловната препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

“Во овие турбулентни времиња важно е тесно да соработуваме за зголемување на вкупната безбедност во регионот.”- истакна Османи,  подвлекувајќи дека овој Самит овозможува да се осознаат предностите на регионалната соработка, инклузивноста, посочувајќи на квалитетот и предностите при изградбата на добри меѓусебни односи. Во овој контекст, Османи заклучи, дека земјите од Регионот заради заедничкиот географски, историски и социо-економскиот потенцијал треба да ја споделуваат и заедничката европска иднина.

Во рамките на посетата, Вицепремиерот Османи ќе оствари и билатерална средба со Јоанис Аманатидис, Заменик Министер за надворешни работи на Грција, каде ќе бидат отворени прашањата за унапредувањето на меѓусебната соработка, предизвиците на тој пат, како и можностите за соработка во насока на искористување на регионалните и европските инцијативи. 

Процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка каде покрај Македонија членуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија,Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово чија цел е јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирањето на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против илегалните активности.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ПОМОШ ОД ГЕРМАНИЈА И ВО ОВАА ФИНАЛНА ФАЗА ЗА НАШИТЕ ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ
ОСМАНИ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ПОТТИК ЗА ИНТЕГРАЦИИТЕ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА НИ Е ВЗАЕМНА СОРАБОТКА ЗА ДА СЕ СПРОТИСТАВИМЕ НА СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИТЕ МОЖНОСТИ ДА ЈА ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ ОДЛУКАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРЛАМЕНТОТ
ОСМАНИ: НЕ СМЕ ИМАЛЕ ПОВАЖНА ОДЛУКА ЗА НАШАТА ИДНИНА ОД ДЕНЕШНАТА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.