ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПО ИЗВЕШТАЈОТ, МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД СОСТОЈБА НА УРГЕНТНОСТ
12:50, четврток, 19 април 2018
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на деветтото издание на Компаративната анализа - Извештаи на Европската комисија за Македонија 2014-2018 во организација на ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Пред почетокот на конференцијата, Вицепремиерот имаше изјава за медиумите.

„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека Извештајот покажа дека Македонија се врати на евроатланската агенда, на евроинтегративниот пат“ – изјави Османи, додавајќи дека овој впечаток е поткрепен и во изјавите на еврокомесарот Хан, при предавање на извештајот, но и при посетата и во обраќањето на Потпретседателката Могерини денеска.

„Извештајот покажа дека Република Македонија успешно ги адресираше Ургентните приоритети, што покажува дека е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек“ истакна Османи, додавајќи дека е констатиран и пристоен напредок во реформите, особено во делот на создавањето на основите, т.е. условите за стабилна долгорочна реформска агенда на државата.

Османи посочи и дека една од клучните придобивки претставува и напредокот во демократскиот и политички квалитет, имајќи предвид дека реформите се имплементирани со целосно почитување на процедурите, на инклузивен начин, со вклученост како на граѓанскиот сектор, експертската јавност, така и на опозицијата.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.