ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
СЕП го објави Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9
09:35, вторник, 17 април 2018

Денеска, 17. април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt

Во изминативе девет месеци Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда. Доказ за ова е успешното спроведување и реализацијата на Планот 3-6-9 т.е. реализирани се преку 90% од предвидените реформи и 100% од неговата суштина – Македонија се врати на евроатланскиот пат.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада, со цел да обезбеди трасирање на патот односно да го одмрзне реформскиот процес во Република Македонија и да ја врати државата на евроатланскиот пат, и беше поделен на три делови, според рочноста во која се имплементираа реформите. Неговиот прв дел - делот три беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година,  додека делот шест заврши со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.

Делот девет  т.е. севкупно, Планот 3-6-9, завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешнато спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата.

Со завршувањето на Планот 3-6-9, не завршуваат реформите, туку напротив, оваа реформска агенда ќе продолжи и во иднина, во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите, забелешките кои ги очекуваме во денешниот Извештај на Комисијата.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСПОРАЧАНИ – ОЧЕКУВАМЕ КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ОВАА ГОДИНА
ОСМАНИ: ГРАДИМЕ АВТОПАТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО, СОЗДАВАЈЌИ ЕВРОПСКА ИДНИНА ЗА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: ВЛЕГУВАМЕ ВО КЛУЧНАТА ГОДИНА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА Е ПОСУШТИНСКА ДЕБАТА ЗА РОДИТЕЛСКИОТ ДОДАТОК ЗА ТРЕТО ДЕТЕ
ОСМАНИ: ВО СЕП Е СКОНЦЕНТРИРАНА НАЈСИЛНАТА ЕКСПЕРТИЗА ЗА УСПЕШЕН СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО 2019
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.