ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОНАКА КАКО ШТО ВЕТИВМЕ ПРЕД ДЕВЕТ МЕСЕЦИ – ИСПОРАЧАВМЕ!
12:20, четврток, 12 април 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

На средбата, Османи го презентираше напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија. „Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за Извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок“, истакна Османи на средбата, посочувајќи притоа на соодветната реализација на Планот 3-6-9, чија имплементација завршува заедно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија на 17 април.

„Делот три од Планот 3-6-9 го крунисавме со одржување на фер, слободни и кредибилни избори уште во ноември минатата година, што беше потврдено во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, чии заклучоци беа повторени и од страна на Делегацијата на Европската Унија во Македонија“ истакна Османи. Тој додаде дека во изминатиов период Владата изготвила бројни стратегии и суштински реформски закони, кои во транспарентна и инклузивна постапка, со вклучување на мислењата од опозицијата, граѓанскиот сектори и јавноста, во најголем дел се донесени во Собранието на Република Македонија. „И во овој момент, во овие последни денови, додека го одржуваме овој состанок, во Собранието на Република Македонија се носат и последните реформски закони за кои е потребна поддршка од две третини од пратениците и за кои во последен момент се обезбеди консензус за нивно изгласување со опозицијата “ – истакна Османи.

Во делот на отстранувањето на политичките пречки, Османи посочи и на донесувањето на Законот за јазиците, како фундаментален но и последен сегмент од легислативниот дел од Рамковниот договор, изразувајќи притоа надеж дека имплементацијата на закон на дело ќе ја демонстрира неговата обединувачка сила во насока на изградба на цврсто, стабилно и просперитетно мултикултурно општество во Република Македонија.

„Остваривме историски напредок и во односите со соседите. Го потпишавме, а потоа и  ратификувавме во Парламентот, историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, а остваривме и исклучително значаен напредок во комуникацијата со Грција“, истакна Османи, додавајќи дека во периодот што претстои, очекува решение и за долгогодишниот спор со Грција, со што ќе се отстранат сите пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

Средбата Османи - Могерини се одржува во пресрет на излегувањето на  Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија, кој излегува за неполна седмица  на 17 април. Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на телата на Европската Унија, меѓу кои и со Геновева Руиз Калавера, директорка на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување – ДГНЕАР, како, со холандскиот евро-пратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата “Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент, како и со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НАИДУВА НА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ГО ЗАСИЛУВААТ ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: ЦВРСТА ЕФИКАСНА И ОБЕДИНЕТА ЕУ ПРЕТСТАВУВА ГАРАНТ ЗА СТАБИЛНОСТА НА ЕВРОПА
ОСМАНИ:ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ ПРЕТСТАВУВА ВЗАЕМЕН ИНТЕРЕС ЗА ПОСТАБИЛНА, ПОЦВРСТА И ПОБЕЗБЕДНА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.