ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ГЕРМАНИЈА ЈА СМЕТАМЕ ЗА ЗЕМЈА – ПАРТНЕР ВО ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА
16:12, среда, 11 април 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со делегација на Комисијата за европски прашања при германскиот Бундестаг.

Вицепремиерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, особено истакната преку иницијативата на „Берлинскиот процес“, но и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија. „Имајќи ја предвид политичката поддршка, како и финансиската и развојна поддршка на Македонија, Германија ја сметаме за земја пријател и партнер во процесот на европските и евроатлантски интеграции на земјава“ – истка Османи.

Во продолжение Вицепремиерот Османи истакна дека оваа средба се одржува во исклучително важен момент т.е. непосредно пред објавувањето на Извештајот на ЕК за состојбите и напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат, потенцирајќи го фактот дека и во овие последни денови се прават последните напори за целосна имплементација на Планот 3-6-9. Османи изрази надеж дека, согласно посветеноста на Владата на ЕУ Агендата и исполнувањето на реформите во клучните области, ќе има силна рефлексија врз Извештајот од страна на ЕК, за кој се очекува позитивно да ја одрази состојбата во Македонија и да препорача чиста и безусловна препорака за почеток на преговорите.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.