ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА И УКРАИНА ТРЕБА ДА ЈА ПРОДЛАБОЧАТ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА
15:02, среда, 11 април 2018
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин.

На средбата беа отворени темите за европските перспективи на двете земји, за билатералните односи помеѓу Македонија и Украина, како и можностите за унапредување на соработката, особено во економската сфера.

Соговорниците заеднички се согласија дека меѓу Македонија и Украина нема отворени политички прашања, што ги прави меѓусебните односи исклучително добри. Тие потенцираа дека двете земји една во друга гледаат искрен партнер, пријател и сојузник, земји кои имаат заеднички евроатлантски аспирации.

“Добрите политички односи треба да бидат основа за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји” – истакна Османи, додавајќи дека Владите на двете земји треба да обезбедат услови за унапредување на трговската и инвестициската размена. Во однос на европските перспективи за време на средбата Вицепремиерот Османи потенцираше дека Владата останува посветена на ЕУ Агендата и дека напорно работи на реформите и во овие последни денови пред 17 април, т.е. пред излегувањето на редовниот извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјите.

Во оваа насока соговорниците изразија обострана поддршка за аспирациите на Република Македонија и на Украина за членство во Европската унија и во НАТО, што позитивно ќе влијае на демократските процеси, стабилноста и безбедноста на земјите.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПО ИЗВЕШТАЈОТ, МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД СОСТОЈБА НА УРГЕНТНОСТ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Сѐ ДО ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ
СЕП го објави Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9
ОСМАНИ: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПРЕКУ 90% ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ РЕФОРМИ И 100% ОД СУШТИНАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9
Студенти на магистерски студии на Колеџот на Европа- Натолин во посета на Секретаријатот за европски прашања
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.