ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТАТ СИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АПСОРПЦИЈАТА НА СРЕДСТВАТА ОД ИПА
12:00, среда, 21 март 2018
Денеска, во Клубот на пратениците се одржа првиот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство со кој претседаваа Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор и шефот на одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.

Секторскиот мониторинг комитет е воспоставен како ад-хок тело за следење на напредокот во спроведување на Акциските програми за конкурентност и иновации финансирани преку ИПА 2014 и 2016 и Акцискиот документ за земјоделство и безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика финансиран преку ИПА 2015.
Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период.

Вицепремиерот Османи го поздрави воспоставувањето на овој Секторскиот мониторинг комитет и истакна дека првите резултати за користење на ИПА 2 ќе произлезат, токму од користењето на трите Акциони програми во овој мета сектор.   „Треба да ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за да ја унапредиме апсорпцијата на средствата од ИПА“, истакна Османи. Тој во оваа насока напомена дека засилениот мониторинг во наредниот период, до крајот на 2018 година, треба да помогне во остварувањето на повисока стапка на апсорпција на средствата алоцирани за овие под сектори.   

На состанокот присуствуваа претставници од кабинетот на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори во улога на координатор на секторот конкуретност и иновации, претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници од Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на ЕУ и на донаторите како и претставници на четирите стопански комори во РМ.

Овој тип на состаноци се одржуваат два пати во годината.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПО ИЗВЕШТАЈОТ, МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД СОСТОЈБА НА УРГЕНТНОСТ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Сѐ ДО ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ
СЕП го објави Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9
ОСМАНИ: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПРЕКУ 90% ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ РЕФОРМИ И 100% ОД СУШТИНАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9
Студенти на магистерски студии на Колеџот на Европа- Натолин во посета на Секретаријатот за европски прашања
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.