ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ ИЗВЕШТАЈОТ НА КОМИСИЈАТА ДА ГО ВАЛОРИЗИРА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
12:26, вторник, 13 март 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Брисел, каде, заедно со Бојан Маричиќ, советникот за европски интеграции во кабинетот на Премиерот, остварија средби со Генералниот директор на Директоратот за Европска и соседска политика и преговори за проширување ДГНЕАР, Кристијан Даниелсон, а воедно имаа и брифинг со претставниците на Директоратот за  напредокот на Македонија, во пресрет на претстојниот Извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија.

На средбите, претставниците на Директоратот ги запознаа Османи и Маричиќ со содржината на работна верзија од претстојниот Извештај на Европската Комисија за состојбите и напредокот во Република Македонија, при што, беа разменети аргументи околу состојбата и напредокот на земјава. Османи брифираше за состојбата со имплементацијата на Планот 3-6-9, како и за предизвиците со кои Владата се соочува при реализацијата на обврските и отстранувањето на политичките пречки за напредок во евроинтегративните процеси.

“Валоризацијата на реформските напори на Република Македонија очекуваме да биде нотирана во претстојниот извештај на Комисијата, од каде очекуваме и чиста и безусловна препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите” истакна Османи на средбите, додавајќи дека во претстојниот период, пред априлскиот Извештај на Европската комисија, Владата е целосно фокусирана кон реформите, како и отстранувањето на сите останати политички пречки на евроинтегративниот пат на земјава.

Османи посочи дека очекува извештаите на Европската Комисија да обезбедат јасна и прецизна проценка за севкупната подготвеност и напредокот не само на Македонија, туку и на сите земји од регионот имајќи предвид дека европските интеграции на земјите од Западниот Балкан претставуваат европски предизвик, кој е во интерес на постабилна, побезбедна и обединета Европа.

За време на работната посета на Брисел Османи ќе одржи и брифинг во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија и пред членовите на Работната група за земјите од Западен Балкан во рамките на Советот на Европската Унија.

Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.