ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Церемонија за потпишување на Договор за развојна соработка и Договор за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска
11:33, понеделник, 12 март 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и Генералниот директор на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Карин Јамтин, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања ги потпишаа Договорот за развојна соработка помеѓу Република Македонија и Шведска и Договорот за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска.

“По пауза од шест години, Република Македонија е повторно на Шведската развојна агенда и повторно е помеѓу приоритетните партнер - држави за развојна помош од Шведска”- истакна Османи, притоа потенцирајќи дека со потпишувањето на овие Договори се обезбедува формално – правен основ за реализација на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска со што Шведска јасно покажува дека е партнер на Република Македонија, во развојна, но и во политичка и економска смисла.

 

Јамтин изрази јасна поддршка за ревитализирањето на реформските активности за приближување кон Европската Унија и потврди дека Шведска е долгогодишен подржувач на европската перспектива на Македонија.  “Европската интеграција е клучен процес кој создава околности кои долгорочно ќе влијаат на подобрувањето на животните услови за сите жители на Македонија. Ние сме подготвени да ја подржиме Македонија во предизвиците на нејзиниот пат преку оваа развојна соработка. ”

Со овие Договори се обезбедува пристап за Република Македонија до развојни средства од Шведска во индикативен износ од околу 9 милиони евра за периодот од 2018 до 2020 година. Овие средства ќе се имплементираат преку финансирање на проекти во три приоритетни области, тесно поврзани со процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија и тоа: унапредување на економската интеграција со Европската унија и развој на пазарна економија; зајакнување на демократијата, почитувањето на човековите права и владеење на правото и заштитата на животната средина и намалување на влијанието и подобар одговор на климатските промени.

 

Главна цел на оваа развојна соработка во претстојниот период ќе биде поддршка на евро – интегративниот процес на Република Македонија, а почетокот на спроведување на конкретни проекти финансирани во рамки на Договорите кои се потпишаа денеска се очекува во текот на оваа година.

Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.