ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПРЕКУ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНОТ 3-6-9 МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ДИНАМИКАТА 20-25 НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
13:02, среда, 07 март 2018

Денеска во просториите на Владата на Република Македонија Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, Заменик на Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот за правда, Билен Салији и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одржаа заедничка презентација на статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9 пред Амбасадорите на земјите - членки на ЕУ.

“Имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 претставуваат основно мерило преку кое и администрацијата во Брисел, но и земјите – членки на Унијата ја градат довербата и поддршката за Република Македонија и нејзините европски и евроатлантски аспирации. Токму затоа, од наш интерес е да бидат директно и прецизно запознаени со текот на имплементацијата на Планот ”- потенцираше Османи, во изјава за медиумите пред почетокот на средбата. Тој пред медиумите ги презентираше и сегментите кои ќе бидат претставени на амбасадорите како што е текот на имплементацијата на Планот, предизвиците, изградбата на општествен и политички консензус итн.

Османи потсети дека Република Македонија се наоѓа на нешто повеќе од еден месец од излегувањето на Извештајот на Европската Комисија , додавајќи дека очекува најдобар извештај досега, кој би бил проследен и со чиста и безусловна препорака. Тоа смета Османи, ќе биде најголема потврда дека Македонија повторно е вратена на европскиот колосек, што ја отвора шансата за приклучување кон динамиката 20-25 на Стратегијата. „Секако, тоа не значи дека реформите по Извештајот ќе запрат, туку напротив, реформскиот процес продолжува, а конечно, очекуваме сиот овој напор да резултира и со одука на Советот на ЕУ за почеток на преговорите во јуни, и, согласно Стратегијата за проширување, да се приклучиме кон динамиката 2025 за полноправно членство во Европската Унија.“ – изјави Османи за медиумите.

Сподели ја содржината!
Вести
Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“
15-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НАИДУВА НА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ГО ЗАСИЛУВААТ ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.