ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ВО УСЛОВИ НА НАБИЕНА РЕФОРМСКА АГЕНДА ПОТРЕБНА НИ Е СЕТА ПОМОШ КОЈА НИ СТОИ НА РАСПОЛГАЊЕ
11:18, вторник, 13 февруари 2018

Денес во просториите на Владата на Република Македонија Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа донаторски состанок на кој присуствуваа амбасадори и претставници на меѓународните организации, од донаторската заедница во земјата. Целта на состанокот беше да се постигне договор и разбирање за придонесот на донаторите во процесот на креирање, спроведување и следење на секторските национални политики и европска интеграција на земјата.

 

Во своето обраќање пред присутните Вицепремиерот Османи изрази благодарност и признание за големата посветеност на донаторската заедница во Република Македонија, која придонесува за поддршката на политичкиот, демократскиот и економскиот развој на земјата. „Во време на брзи промени потребна ни е целата помош која ни е ставена на располагање и затоа за нас нема голем и мал донатор, туку секој донатор е важен во услови на амбициозната агенда на Владата на РМ.“ – изјави Османи при воведното обраќање.

Во продолжение Османи се осврна и на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, односно на придобивките од истата кои ѝ следат на Република Македонија, уште во пристапниот период. Тој изрази уверување дека администрацијата подготвено ќе ги дочека зголемените средства за здравството, образованието, инфраструктурата, дигиталната агенда, поддршката за бизнисот итн., и ќе го адаптира капацитетот на апсорпција соодветно на новите потенцијали, како важен сегмент за конвергенција на сите општествени слоеви во Република Македонија со оние а земјите – членки на Унијата.

Вицепремиерот Османи додаде дека реформите се најголем приоритет на реформската Влада и потсети дека во изминатите шест месеци, секако со значајна помош на донаторската заедница, активно се спроведувани реформи во повеќе области: во областа на правдата, управувањето со јавните финансии; потоа реформи во јавната администрација и во образованието; реформи за унапредување на вработувањето и за подобрување на транспортот; реформи во насока на заштита на животната средина и справување со последиците од климатските промени, итн. Во наредниот периодот, истакна Османи, од донаторите очекува да дадат свој придонес кон спроведување на секторските политики, менување на институционалната култура насочена кон остварување на резултати и обезбедување на долгорочен ефект од реформите, со што би се обезбедила одржливост на придобивките од реформите и во иднина.

Донаторскиот состанок е дел серијата состаноци со донаторите на ниво на секторските работни групи, но и на високо политичко ниво и воедно претставува форум каде националните институции можат да ги презентираат своите приоритети, за кои имаат потреба од донации, од една страна, а од друга страна и донаторите можат да ги презентираат своите програми / стратегии како потенцијали за постигнување конкретни резултати кои се од заеднички интерес.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ПАРТНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
ОСМАНИ: ЦЕЛОСНО СМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРЕЗЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ
OСМАНИ: ОДЛИЧНАТА РАЗВОЈНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА ЈА ПРОДЛАБОЧУВА СЕВКУПНАТА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА
ОСМАНИ: НОРВЕШКАТА ПОМОШ ЌЕ БИДЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ПРИДОНЕС ЗА ЕФИКАСНО И НАВРЕМЕНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ЗНАЧАЕН ПАРТНЕР ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.