ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: УСПЕХОТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИПА СРЕДСТВАТА ЗНАЧИ УСПЕХ ВО ПРИБЛИЖУВАЊЕТО КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ
13:42, петок, 02 февруари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, во улога на Национален ИПА координатор, имаше обраќање пред претставниците на ИПА структурата во Република Македонија на годишна ИПА работилница во Струга, каде се разгледуваше ИПА Мастер планот. Овој план ги опфаќа сите отворени прашања околу  програмирањето, имплементирањето, мониторингот и оддржливоста на проектите, а за кои, Секретаријатот за европски прашања и Националниот ИПА Координатор Османи, редовно реферираат на Влада на РМ и службите на Европската комисија.

“Средствата кои ЕУ ни ги доделува за имплементација на реформите се искористуваат под строги правила и критериуми на ЕК. Затоа, високата искористеност на ИПА средствата не е секогаш лесно да се постигне. За да ја олесниме работата, подготвивме ИПА Мастер Плана кој ни користи како алатка за мапирање на ризиците и институциите кои треба да превземат мерки за надминување на истите“ - истакна Османи. 

Меѓу другото, Вицепремиерот Османи изрази задоволство од посветеноста на претставниците на ИПА структурата и во нивните активности поврзани со апсорпцијата на средствата од ИПА посебно за затварањето на годината ТАИБ 2013 во декември 2017 со степен на искористенот 93,56% и.

„Во 2017 година имаме остварено значаен напредок во искористувањето на странската помош, односно имавме најголем степен на контрактирани (на склучени договори) средства во споредба со претходните години за ИПА  2007 - 2013, и очекувам да продолжиме со истиот елан и посветеност да да ја зголемиме апсорбцијата а со тоа и спроведувањето на реформите во земјата и приближување на Р. Макеоднија кон земјите на ЕУ“ – изјави Османи пред присутните. Тој ја поздрави вклученоста на ИПА структурата која активно работи во разрешување на отворените прашања наведени во ИПА Мастер Планот, и во исполнувањето на потребните критериуми дадени во регулативата за ИПА II за искористување на средствата.

„Вие, преку вашите активности и посветеноста кон вашите обврски, досега имате реализирано проекти во висина од околу половина милијарда евра, средства со кои се унапредуваат стандардите на државата и условите за работа и живеење во нашето општество. “ изјави Османи пред присутните, додавајќи дека преку реализацијата на овие средства Република Македонија се приближува до стандардите и правилата на Европската унија, посочувајќи ја со тоа важноста во квалитетот и ефикасноста при реализацијата на овие средства.

„Мислам дека имаме одлична администрација, одлични професионалци во ИПА структурата, и заедно со имплементацијата на Мастер план за реформи на ИПА ќе обезбедиме уште поквалитетна поефективна и видлива  искористеностна средствата од ИПА и останатата странска помош.“ - констатираше Османи на крајот од своето обраќање.

Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
ОСМАНИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ОДЛУКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.