ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ КВАЛИТЕТНИ ПРОЕКТИ ОД ОПШТИНИТЕ ЗА АПСОРПЦИЈА НА СРЕДСТВАТА ОД ИПА
12:32, петок, 02 февруари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во улога на ИПА Национален Координатор се обрати пред претставниците на Советот за развој на југозападниот плански регион каде заедно со тимот за распределба на странска помош при Секретаријатот за европски прашања ги презентираа состојбите, можностите за финансирање на проекти наменети за локалната самоуправа со средствата од европските фондови.

“Приближувањето до европските правила и стандарди значи слободна трговија, економски просперитет, инвестиции во инфраструктура, инвестиции во отворање нови работни места, поквалитетно образование итн., односно приближувањето до Европската Унија значи поквалитетен живот за граѓаните и приближување на нашиот стандард со оној на земјите членки на Унијата”- подвлече Османи. Тој додаде дека за исполнување на европските перспективи, потребна е активна соработка меѓу централната власт и општините, а сѐ со цел заедничка реализација на капиталните инвестиции кои доаѓаат од централниот буџет, но и за унапредување на капацитетите за зголемена апсорпција на средствата од ИПА и другите фондови на билатерална помош за Македонија.

“Преку ИПА инструментот, приближно 600 милиони евра, неповратни средства од земјите на Европската Унија, ѝ се ставени на располагање на Република Македонија за период од седум години”- истакна Османи, додавајќи дека е тоа огромна шанса, за општините, за искористување на значајни финансиски средства од страна на европските фондови. Како најзначајни програми за општините, Османи ги посочи програмата за прекугранична соработка, но и можноста за општините да партиципираат за реализација на крупни инфраструктурни проекти на нивната територија.

Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.