ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА МЕЃУ ПРИОРИТЕТНИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ДОБИВАЊЕ ШВАЈЦАРСКА ПОМОШ
16:58, среда, 31 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со Сибил Сутер Теада, Амбасадорка на Швајцарија во Република Македонија.

На средбата беа дискутирани темите за билатералната соработка меѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено во насока на очекувањата во пресрет на Стратегијата за проширување со Земјите од Западниот Балкан на Европската Комисија.

Во однос на соработката помеѓу двете земји, Вицепремиерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Швајцарија за Република Македонија, и во однос на политичката поддршка, за европските перспективи на државава, но и како еден од најважните донатори, чија континуирана билатерална поддршка датира од 1992 година.  Османи нагласи дека е од голема важност што Македонија останува меѓу приоритетните земји за добивање на швајцарска помош и изрази надеж дека, согласно добрите меѓусебни односи, поддршката ќе продолжи и во иднина. „Новата Стратегија на Владата на Швајцарија за Македонија за периодот 2017-2020 година, претставува додадена вредност на реформскиот процес бидејќи предвидува поддршка во многу значајни области, како што се демократија, вработување, економски развој, инфраструктура и животна средина.“ – истакна Османи.

Османи  додаде дека оваа средба се остварува во еден од клучните моменти за напредокот на Република Македонија во европските интеграции, на само неколку дена од излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето со земјите од Западниот Балкан , и додаде дека не само Македонија, туку и земјите од регионот, имаат големи очекувања од Стратегијата за проширување на Европската Комисија, што говори за проширениот европски оптимизам на Балканот. Во оваа насока Османи потенцираше дека 2018 година е оптимистична година  за целиот регион, како во поглед на надминување на меѓусебните предизвиците, така и во однос на очекувањата за клучните одлуки за регионот, кои треба да се донесат од  страна на телата на Европската Унија, во насока на процесот на проширување.

Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
ОСМАНИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ОДЛУКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.