ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА НА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА ПРОДОЛЖИ И ЗА ВРЕМЕ НА АВСТРИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
16:04, вторник, 30 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Австрија, оствари средба со Генералниот секретар при Министерството за надворешни работи на Австрија, Мајкл Линхарт.

Средбата се остварува во еден од клучните моменти за напредокот на Република Македонија во Европските интеграции, на само една недела од излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето со земјите од Западниот Балкан, што секако беше и главна тема на состанокот. „Имаме значаен напредок како во имплементацијата на реформите предвидени во Планот 3-6-9, но и напредок во справувањето со политичките предизвици, за што очекуваме цврсти и недвосмислени пораки во рамките на Стратегијата за проширување, за визибилност на европските перспективи на Република Македонија“ истакна Османи на средбата. Тој додаде дека не само Македонија, туку и земјите од регионот, со чии ресорни претставници за европски прашања е во постојана комуникација, имаат големи очекувања од Стратегијата за проширување на Европската Комисија, што говори за проширениот европски оптимизам на Балканот.

„Република Македонија, но и земјите од Западниот Балкан, може и треба да бидат дел од решението, а не дел од проблемот“, изјави Османи. Тој додаде дека кредибилноста на европските перспективи за земјите од Западниот Балкан не само што им помага на самите земји да го одржат фокусот кон реформите и приближувањето кон европските вредности, туку претставува и значајна придобивка за севкупната стабилност на Европа. „Имаме заеднички предизвици, имаме заеднички цели, потребно е да создадеме механизми за заеднички да ги адресираме отворените прашања што секако е во взаемен интерес и на земјите - аспиранти  од Балканот, и на земјите – членки на Унијата“ истакна Османи.

Османи информираше и дека Македонија интензивно се подготвува за важните настани кои ѝ претстојат, особено за исцрпување на сите можности од претседавањето на Бугарија со Европскиот совет, но и подготовки за историскиот самит на проширување кој треба да се одржи во мај во Софија. „Имаме големи надежи од претседавањето на Бугарија со Европскиот совет, но позитивно гледаме и на претседавањето на Австрија веднаш по Бугарија“, истакна Османи. Тој изрази надеж дека Австрија најмалку со исто темпо ќе продолжи активно да работи на процесот на проширување, но и надеж дека Австрија ќе продолжи со поддршката за Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси, во насока на започнување преговори за членство во Унијата.
Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.