ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА
13:39, вторник, 23 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Заменик Претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај.


Една од главните теми на средбата беше размената на мислења и информации во насока на организацијата на заедничката владина седница меѓу Република Македонија и Република Косово. „Скопје и Приштина немаат отворени политички прашања, што претставува потенцијал за продлабочување на односите меѓу двете Влади “ – истакна Османи на средбата. Тој додаде дека државните раководства мора да вложат повеќе напор за да ги подобрат условите за размена и комуникација, со цел да излезат во пресрет на сѐ поголемиот бизнис потенцијал, но и потребата на граѓаните на двете земји за полесна меѓусебна комуникација. „Нашите одлични односи наскоро ќе ги демонстрираме и со одржување на заедничка Владина седница меѓу двете држави, од каде очекувам да произлезат конкретни иницијативи, мерки и активности во насока на продлабочување на меѓусебната соработка“, истакна Османи.


Двајцата соговорници уште еднаш ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ. Македонија, има стекнато огромни искуства преку долгогодишните активности во рамките на процесот за Стабилизација и Асоцијација со Европската Унија, и со задоволство, овие искуства ќе ги пренесе на нашите колеги од Косово, а со цел забрзување и унапредување на европските перспективи на целиот регион. Во оваа насока, двајцата соговорници изразија задоволство од одржувањето на првиот состанок на Заедничкиот Комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косово минатата недела во Скопје и се заложија нивното одржување да стане редовна практика.


На средбата исто така беа отворени прашањата за унапредувањето на меѓуграничната и регионалната соработка преку конкретни проекти во рамките на регионалните инцијативи за соработка, особено во рамките на „конективити“ агендата на Берлинскиот процес, но и со заеднички настап пред европските фондови со проекти за меѓугранична соработка.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ПО ИЗВЕШТАЈОТ, МАКЕДОНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД СОСТОЈБА НА УРГЕНТНОСТ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Сѐ ДО ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ
СЕП го објави Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9
ОСМАНИ: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПРЕКУ 90% ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ РЕФОРМИ И 100% ОД СУШТИНАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9
Студенти на магистерски студии на Колеџот на Европа- Натолин во посета на Секретаријатот за европски прашања
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.