ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И РАЗМЕНА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
15:40, среда, 17 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Албанија оствари средби со Претседателот на Албанија Илир Мета, со Претседателот на Собранието, Грамоз Ручи, како и со Претседателот на Демократската партија на Р. Албанија, Лулзим Баша.

На средбите беа отворени темите за билатералните односи меѓу двете земји, но и регионалната соработка, особено во рамките на Берлинскиот процес . Беше констатирано дека Македонија и Албанија немаат отворени прашања, што претставува одлична можност за продлабочување на односите и унапредување на економската соработка, која не соодветствува на блискоста на двете земји. „По заедничката владина седница очекувам двете земји да ги зајакнат меѓусебните односи и да овозможат услови за поголема размена и економска соработка“ истакна Османи. Тој додаде дека во Македонија се изведуваат бројни инфраструктурни проекти, особено на т.н. коридор осум, со чија финализација ќе се овозможи значително подобрување на комуникацијата и размената меѓу двете земји.

На средбите беа отворени и прашањата за европските и регионалните предизвици на земјите од Западен Балкан, при што беше потврдено дека постои напредок во комуникацијата меѓу сите земји и дека не постои алтернатива на евроатланската перспектива на целиот регион. „Имаме историска шанса да им овозможиме на народите на Балканот вистинска интеграција и приклучок кон цивилизациските текови на Европа која не смееме да ја пропуштиме“ – истакна Османи.

Претходно Османи оствари средба и со Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, каде беа разменети мислења околу европските интеграции на двете земји, како и поддршката од страна на Албанија за членство на Македонија во НАТО.

Посетата на Тирана е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна со посетата на Атина на почетокот на месецов и ќе продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.