ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА НО И ОБВРСКА ДА СТАВИМЕ ТОЧКА НА ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО
14:45, вторник, 09 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на денешната работна посета на Република Грција, оствари средба со Министерот за надворешни работи на земјата, Никос Коѕијас, како и со Заменик Министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.

На средбите беа отворени темите за меѓусебната соработка, унапредување на комуникацијата, како и останатите мерки за градење доверба меѓу двете земји. „Имаме исклучителен напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“, истакна Османи, додавајќи дека само преку создавањето искрена атмосфера на доверба може да се надминат отворени прашања.

„Како политичари, имаме обврска да им создадеме услови на нашите граѓани за просперитет, напредок и благосостојба, а за тоа е потребно да ја унапредиме соработката меѓу двете земји на сите полиња“, истакна Османи. Тој додаде дека во наредниот период очекува засилување на мерките за градење доверба во сите области: економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката, транспортот, итн., со што, покрај изградбата на довербата меѓу општествата, граѓаните ќе можат и директно да ги почувствуваат бенефитите од оваа соработка.

На средбите, беше отворена и темата за состојбата во која се наоѓа прашањето за името. „2018 година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја, и, како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса.“ – истакна Османи. Тој додаде дека во Македонија постои јасно изразен оптимизам за затворање на ова прашања и изрази надеж, дека, заедно со позитивните сигнали кои доаѓаат и до страна на Грција, ова прашање конечно ќе биде надминато.

Покрај меѓусебните односи, на средбите беа отворени и прашањата поврзани со европските предизвици, како што се потенцијалите за нова мигрантска криза, прашањето за начинот на функционирање на Унијата и последиците од БРЕГЗИТ, проширувањето на Унијата и со останатите земји од Западниот Балкан инт.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.