ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ СО ФИЛИПЧЕ ДА ЈА УНАПРЕДИМЕ АПСОРПЦИЈАТА НА СТРАНСКА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВОТО
14:08, вторник, 02 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари средба со новиот министер за Здравство, Венко Филипче. На средбата беа отворени прашањата за предизвиците на здравствениот систем, предвидените реформи на новиот Министер, но и можноста за соработка меѓу Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања, особено во делот на странската помош наменета за здравствениот систем.

„Како поранешен Министер, но и како доктор, свесен сум за големината на предизвиците на здравствениот систем за чие справување ја имате целосната моја поддршка но и поддршката од Секретаријатот за европски прашања за справување со потребните реформи“ – истакна Османи на средбата. Тој додаде дека е запознаен со фактот дека реформите во здравството се тешки, напорни но и скапи, и дека клучен предизвик е обезбедувањето финансиска поддршка за нивното спроведување за што, како што истакна Османи, Министерството за здравство ќе ја има целосната поддршка од Секретаријатот за европски прашања, но и неговата лична поддршка како Национален координатор на странската помош во Република Македонија.

„Приближувањето кон Европската Унија, не значи само спроведување на болни реформи, туку и придобивки од приближувањето кон европските вредности и стандарди. Напредокот во приближувањето кон ЕУ значи и напредок во остварување на европско здравство, европски стандарди во здравството, што претставува една од најважните европски перспективи на Македонија“ истакна Османи, додавајќи дека со оптимизам гледа на соработката со новиот Министер за здравство Филипче, за успешна апсорпција на целата расположлива странска помош за здравството во Република Македонија.

Сподели ја содржината!
Вести
Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“
15-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НАИДУВА НА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ГО ЗАСИЛУВААТ ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.