ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ИСКОРИСТИМЕ ЗА ПОДГОТОВКА НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО 2018 ГОДИНА
13:28, среда, 20 декември 2017

Од  денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања и официјално започнува со работа новиот технички експерт од Република Франција, Франсоа Лафонд, кој во наредните две години ќе биде советник на Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Назначувањето на нов експерт е потврда за отворената поддршка на Франција, не само на Секретаријатот за европски прашања, туку и на Македонија во нејзината  евроатлантска интеграција и напорите на Владата да ја врати земјата на европскиот пат.

По тој повод, во Секретаријатот за европски прашања се одржа средба меѓу Вицепремиерот Бујар Османи и новиот технички експерт, Франсоа Лафонд, во присуство и на амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимониер.

Османи на средбата ја нагласи досегашната успешна соработка на Република Македонија со Република Франција, за која истакна дека очекува нејзино продлабочување и унапредување согласно заложбите добиени и од новиот советник Франсоа Лафонд. Тој истакна дека Франција е многу важна земја членка на Унијата, и од исклучително значење за успешното интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ. „Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот“, истакна Османи на средбата. Во таа насока поддршката што новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, ја дава за проширувањето на Европската Унија, влева силен поттик за реформските процеси во Македонија, но влева оптимизам и кај останатите земји од Западен Балкан.

За време на средбата Вицепремиерот Османи ги повтори амбициите на Владата, до крајот на годината, на декемврискиот Самит, да биде отстранета условеноста на препораката, натаму позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во Април, наредната година, како и добивање на датум за почеток на преговорите до крајот на наредната година. За ова, Осамни очекува и поддршка од страна на новиот експерт, кој со својата експертиза, знаење и искуство ќе претставува дополнителна вредност на Секретаријатот за европски прашања, во неговата подготовка на тимот, структурата, но и на целата администрација за евентуалниот почеток на преговорите со Унијата.
Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.