ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ОД КИНА Е ДЕЛ ОД СЕВКУПНИТЕ ДОБРИ ОДНОСИ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
12:14, понеделник, 18 декември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и Амбасадорот на Народна Република Кина, Јин Ликсиан денеска потпишаа Договор за економска и техничка соработка за обезбедување на грант-помош помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина со кој се обезбедуваат неповратни финансиски средства од Кинеската Влада за поддршка на проекти во Република Македонија во износ од 20 милиони јуани, или околу 2,5 милиони евра.

„Преку оваа соработка, не само што се поддржуваат развојните цели на нашата држава, туку се унапредува и севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, што е важен сегмент од развојот на нашите меѓусебни односи.“ – изјави Османи при потпишувањето на Договорот со амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсиан.

Во изминатите години, проектната соработка со Народна Република Кина беше насочена кон неколку приоритетни области: образование, здравство, мрежно поврзување, а најголем дел од финансираните проекти беа во образовниот сектор. Вицепремиерот Османи посочи дека согласно минатите договори, во тек на реализација се два проекти, и тоа: изградба на спортска сала при основното училиште Рајко Жинзифов, како и Проект за техничка поддршка во образованието, односно воведување на електронско – образование. „Комплетирањето на овие два проекти се очекува до средина на наредната година, за потоа, да може да започнеме со спроведување на нови проекти финансирани во рамки на Договорот што денес ќе го потпишеме. “ – изјави Османи.

На церемонијата на потпишување на Договорот Вицепремиерот Османи изрази јавна благодарност до за севкупната долгогодишна поддршка од Народна Република Кина за Република Македонија, за која изрази уверување дека во иднина ќе биде продлабочена и унапредена.
Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.