ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
МАКЕДОНИЈА ДОБИ ИНВЕСТИЦИСКИ ГРАНТ ВО ИЗНОС ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА КАКО НЕПОВРАТНА ПОМОШ
16:28, среда, 13 декември 2017

Денес, среда, 13 декември 2017 година, претставници на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за финансии учествуваа на Управувачкиот комитет на Инструментот за Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) на кој беа распределени 100 милиони евра како Инвестициски грантови (неповратна помош) на земјите од Западниот Балкан.

Од распределените 100 милиони евра, Република Македонија денес и формално доби одобрение на 68,6 милиони евра Инвестициски грант - неповратна помош, за Проектот за Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга од Коридор VIII, и тоа за втората делница, Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри. Оваа поддршка на Република Македонија ѝ е доделена во рамките на т.н. „Конективити“ агенда од Берлинскиот процес, што беше најавена уште на Самитот на земјите од Западниот Балкан минатиот јули во Трст.

Дополнително, Комитетот го одобри и Проектот за изработка на техничка документација за автопатот „Стенковец – Граничен премин Блаце“, во висина од 1.010.000 евра. Овие средства треба да се искористат за изработка на документација за инфраструктурен проект и Основен проект за автопатско решение за државен пат А4, како прва фаза за изградбата на автопатот кој ќе го поврзе Скопје со косовската граница.

Македонија, на последниот повик на (WBIF) во ноември, поднесе барање за Инвестициски грантови во рамките на овој инструмент и за уште два други проекти: Проект за изградба на автопатска делница Кичево – Гостивар - Грант средства за инвестиции и за техничка помош во вкупен износ од 20 милиони евра кои би биле наменети за финансирање на дел од градежните работи за патната делница Кичево –Гостивар (делот од Букојчани до Кичево); и Проект за надградба и развој на патиштата - Крива Паланка- граница со Бугарија - Грант средства за инвестиции и за техничка помош во вкупен износ од 2,62 милиони евра кои би биле наменети за финансирање на дел од градежните работи за патната делница Крива Паланка – Деве Баир, како и за техничка помош. За овие проекти веќе се отпочнати преговори за заеми од ЕБОР, а распределбата на грантовите од страна на Управувачкиот Комитет на (WBIF) за овие проекти ќе биде во јуни 2018 година.

Регионот на Западен Балкан останува високо на агендата на Европската Комисија, за што на овој состанок и официјално се најавија два нови повици за аплицирање на инвестициски грантови во висина од околу 100 милиони евра и техничка помош во висина од 12 милиони евра. Повикот за инвестициски грантови за инфраструктурни проекти ќе биде отворен во текот на 2018.  

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА
ОСМАНИ: СЕГА НИ Е ПОТРЕБНА СЕТА ПОДДРШКА ОД НАШИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРИЈАТЕЛИ
ОСМАНИ:МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ДЕЛАТ ИСТА ЕВРОАТЛАНТСКА ОРИЕНТАЦИЈА
ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И РАЗМЕНА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗАСЛУЖУВААТ МЕСТО ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.