ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД СТРAНА НА КИНА СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
17:30, четврток, 07 декември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорот на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

Средбата се фокусираше на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина како и на тековни и планирани проекти кои што се реализираат со поддршка од НР Кина. Севкупните билатерални односи и соработката меѓу двете пријателски земји од страна на соговорниците беа оценети дека бележат нагорен тренд на развој.

Во рамки на средбата соговорниците разговараа и за проектната соработка со НР Кина која се реализира во рамки на договорите за економска и техничка соработка потпишани од 2007 година, кои, оттогаш наваму, се потпишуваат најчесто на годишно ниво, а се однесуваат на областите образование, здравство и комуникации, т.е. мрежно поврзување на државни институции.

 

Соговорниците констатираа дека до крајот на годината се очекува да се потпише уште еден ваков Договор за економска и техничка соработка за обезбедување помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, со кој би се обезбедиле 20 милиони кинески јуани, односно околу 2.5 милиони евра и истите би биле наменети за финансирање на проекти за реновирање на училишта, но и други проекти кои би биле утврдени како приоритетни од Владата на Република Македонија.

 

Османи изрази огромна благодарност за севкупната финансиска помош која НР. Кина и ја дава на наша земја како насока на финансирање на инфраструктурни проекти, така и во насока на финансирање на проекти во областите кои се од витално значење за Република Македонија. Османи додаде дека и во иднина очекува засилување на оваа соработка, потенцирајќи дека финансиската помош, но и инвестициите кои доаѓаат од НР Кина се добредојдени во Македонија
Сподели ја содржината!
Вести
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
ОСМАНИ: СО ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ОСТАВИВТЕ ТРАЕН БЕЛЕГ И СЕ ВГРАДИВТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНИЈА
ГАБЕР: ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ – БАЛКАНОТ ЗАБРЗАНО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕВРОПА
“Административни реформи и почитување на владеење на правото кон членство во ЕУ”
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.