ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОДДРШКА ЗА ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЗНАЧИ ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
16:40, среда, 29 ноември 2017

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК), заедно со неговиот колега, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев го предводеа координативниот министерски состанок на Националниот Инвестициски Комитет.

На почетокот на состанокот Вицепремиерот Османи изрази благодарност на донаторите за учеството и интересот за донирање на средства за проектите.

Состанокот беше одржан со цел да се разгледа Единствената листа на проекти, т.е. беа разгледани и потенцијалните проектни предлози кои се зрели за поднесување и ги задоволуваат барањата на Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан во согласност со ЕУ Агендата за поврзување (т.н. „конективити агенда“) и Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Посебен акцент на овој состанок беше ставен на проектот за изградба на новиот автопат Гостивар -Кичево, дел од Коридорот VIII, прва фаза од изградбата на автопатот Букојчани -Кичево во должина од 13 KM како и на проектот за реконструкција на автопатот Крива Паланка –граничен премин Деве Баир - Република Бугарија, дел од Коридорот VIII во должина од 13 KM.

„Наша обврска е да испорачаме што е мошно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите“ – истакна Османи на состанокот, потенцирајќи ја важноста на реализацијата на фондовите на Европската Унија за Македонија.

Вицепремиерот Османи истакна  дека историскиот  период  во кој се наоѓаме на патот кон европската интеграција,  во кој Македонија мора да направи исчекор при имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9, поддршката за големите инфраструктурни проекти значи поддршка за европските перспективи на нашата земја.

 Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано со цел подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.