ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ ЦЕЛОСЕН ФОКУС НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ ОД ПЛАНОТ 3-6-9
13:20, среда, 29 ноември 2017

Денес во Влада на Република Македонија, се одржа 37 состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ). Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Претседател на комитетот ја водеше седницата на која присуствуваа државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања. 


Главна Тема на состанокот беше реализацијата на обврските од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација (ССА)  како и работата на Работниот комитет за европска интеграција (РКЕИ) и неговите активности врзани за имплементацијата на Планот 3-6-9+.

На седницата, Вицепремиерот Османи  ја презентираше содржината на новите делови шест и девет, од Планот 3-6-9 и предвидената динамика за имплементацијата на реформите.

Најпрвин Вицепремиерот Османи изрази задоволство од имплементацијата на првиот дел од Планот, делот три, за кој, како што наведе Османи, постои задоволителна исполнителност од над 80% од предвидените мерки и активности. „Планот 3-6-9 го крунисавме со одржување на фер, слободни и кредибилни избори, што беше една од главните цели на Планот “ истакна Османи, додавајќи дека потврда за тоа се извештаите на сите релевантни институции кои го следеа изборниот процес, меѓу кои секако е и ОБСЕ/ОДИХР.

Османи ја истакна  одговорноста на улогата на членовите на Работниот комитет за фокусот на предложените реформи притоа потенцирајќи дека времето е фактор, па од тука, од аспект на временската димензија, позициите  и аспирациите, периодот од  декември до јануари наредната година е круцијален, период во кој домашната јавност и ЕК очекуваат видлив напредок во реформите во клучните области.

На состанокот, Вицепремиерот Османи потенцираше дека со овие редовни состаноци на РКЕИ ќе се подигне нивото на неговото значење и секако видливоста и важноста, а од државните секретари очекува активно учество во имплементацијата на Планот 3-6-9+, во забрзувањето на динамиката на процесот на евроинтеграција  како и  редовна отчетност како членови и учесници во работата на РКЕИ.

„Успехот во имплементацијата на реформите во овие шест недели ќе ја дефинира агендата и за наредните шест месеци, што, пак, претставува историски период за постигнување значаен исчекор во затворањето на прашањето за ЕУ и НАТО“ изјави Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.