ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ВКЛУЧУВАЊЕТО НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ИМА КЛУЧНА УЛОГА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ШИРОК ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
11:37, понеделник, 27 ноември 2017

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања денес се одржа трибина со невладините организации, на која Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го презентираше заокружениот План 3-6-9, ставајќи осврт на новите делови од планот - деловите шест и девет.

Пред почетокот на трибината, Вицепремиерот Османи ја потенцираше досегашната успешна соработка со граѓанскиот сектор, и тоа, како во имплементацијата на делот три од Планот, така и при подготовката на деловите шест и девет. „Успешноста во имплементацијата на делот Три од Планот 3-6-9, во значајна мерка се потпира и на будноста на невладиниот сектор, што претставува еден вид алатка за рано предупредување за евентуалните застои во имплементацијата “ - истакна Османи, правејќи осврт кон придобивките од досегашната соработка со невладиниот сектор. Тој наброја и неколку квалитетни предлог реформски решенија чие внесување во реформскиот План 3-6-9 претставува сугестија токму на претставниците на граѓанскиот сектор. „На предлог на граѓанскиот сектор, во Стратегијата за реформа се предвидува донесување на повеќе законски измени, вклучително и на Законот за Јавно обвинителство, со кои ќе биде регулиран статусот и надлежностите на СЈО, зајакнување на капацитетите на Академијата на судии и Јавни обвинители, измени на Законот за кривична постапка итн. “ - истакна Османи. Тој посочи и на прифатените сугестии на граѓанскиот сектори и во при реформите на безбедносните служби, како и на реформите во Јавната администрација, кои заедно со реформата на правосудството претставуваат приоритетни области при имплементација на Планот.

Вицепремиерот повтори дека Македонија се наоѓа во историски период за нашите европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи на исклучителната важност на следните шест недели, или периодот до крајот на годината, во кој Македонија мора да направи исчекор при имплементацијата на реформите во трите клучни области: реформа на правосудството, реформа на безбедносните служби, како и реформа на јавната администрација. „Успехот во имплементацијата на реформите во овие шест недели ќе ја дефинира агендата и за наредните шест месеци, што, пак, претставува историски период за постигнување значаен исчекор во затворањето на прашањето за ЕУ и НАТО“ и изјави Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.