ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
14:42, петок, 17 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес во Претседателскиот кабинет во Вилата Водно, имаше средба со Претс. Ѓорге Иванов

На Средбата, Вицепремиерот информираше за посетата на Брисел, остварена заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на кој беа остварени значајни средби со Потпретседателката на Европската Комисија и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Фредерика Могерини, како и со Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан. Османи брифираше и за пораките на Министрите за надворешни работи на земјите – членки на Унијата, кои, на Министерскиот појадок во Брисел- Пријателите на Македонија, организиран од страна на Министерствата за надворешни работи на Бугарија и Шведска, изразија подготвеност да ѝ помогнат на Република Македонија во нејзините европски и евроатлантски аспирации.

Во продолжение, Османи реферираше и за новите реформски пакети на Владата – Шест и Девет, кои претставуваат заокружување на Планот 3-6-9, чија имплементација треба да обезбеди простор за напредок во приближувањето кон Европската Унија. Османи потенцираше дека Стратегиите и акциските планови содржани во Планот 3-6-9, во себе ги имаат инкорпорирано сите забелешки од стана на меѓународните партнери и релевантни институции, како што се препораките од Извештаите на Европската Комисија, на Венецијанската Комисија, ГРЕКО, забелешките на Високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе како и сите останати извештаи и препораки кои се нотирани како обврска за Република Македонија.Со тоа, потенцираше Османи, го реформскиот пакет е заокружен, и по чија имплементација се очекува отстранување на условеноста на Препораката, како и позитивен извештај со нова чиста препорака од страна на Европската Комисија. На крајот, потенцираше Османи, заедно со напредокот во отстрануваењето и на отворените политички прашања, се очекува и одлука за почеток на преговорите до средина на 2018 година.

„Имаме неповторлива шанса, во 2018 година да направиме историски исчекор и да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО. Потребно е да ги тргнеме настана нашите лични, партиски, па дури и етнички приоритети, да оствариме консензус за реформите, и да испорачаме резултат.“ – истакна Османи. Тој ја потенцираше важноста на моментумот, повторувајќи ја оценката добиена во Брисел, дека 2018 година треба да биде историска година за напредокот на Република Македонија во европските и евроатлантските интеграции, моментум за кој треба да се заложат сите чинители на општеството, и преку инклузивен процес, да се обезбеди и суштински, а не само декларативен консензус за процесот на интеграциите на Република Македонија. Османи побара од Иванов поддршка за реформскиот процес, но и поддршка за обезбедувањето консензус и вклученост на опозицијата, секако, најмногу за законите за кои е потребен широк политички консензус, како и поддршка од двотретинско мнозинство во Собранието. 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЦЕЛОСНО СЕ ВРАЌААТ НА АГЕНДАТА НА ЕУ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.