ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
14:03, вторник, 14 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата Брисел, учествуваше на брифингот за политики на престижниот тинк тенк Европски центар за политика, посветен на Македонскиот План 3-6-9 како и на севкупниот процес на европско интегрирање на Република Македонија.

Во своето излагање, Вицепремиерот Османи пред присутните го образложи накусо Планот 3-6-9, неговата досегашна имплементација во делот три, но и подготовката за реализација на останатите делови, шест и девет. Во оваа насока Османи ги посочи реформите во судскиот систем, јавната администрација и службите за разузнавање, како носечки области во за кој Владата веќе изготви драфт стратегии и акциски планови, во кои се содржат сите забелешки сугестии и препораки кои доаѓаа од меѓународните партнери и релевантните институции. „Планот три шест девет претставува единствена целина во која внимателно се собрани сите барања за реформи со цел неговата имплементација да има конечен исход по кој очекуваме преговори“ Притоа, Османи посочи дека Планот се реализира во согласност со планираната рамка, така што делот 3 веќе е завршен и крунисан со одржувањето на локалните избори кои беа спроведени во фер и слободна атмостефа, и беа оценети како кредибилни од страна на сите релевантни домашни и меѓународни организации кои го следеа изборниот процес.

Вицепремиерот Османи, покрај заложбата на Владата за имплементација на неопходните реформите, даде осврт и на подготвеноста на Владата за храбри чекори и позитивен пристап при затворањето и на отворените политички прашања кои се во насока унапредување на процесот на европска интеграција на Република Македонија. Тој потенцираше дека сите реформи и активности се одвиваат во координација со меѓународните партнери, за што, како што кажа, веќе се добиени и позитивни сигнали од европските претставници.

„Наредната 2018 година очекувам да биде историска година за Македонија за придвижување на процесот на интеграција во ЕУ“, истакна Османи, додавајќи дека очекува овој моментум на оптимизам да биде искористен, а Македонија да не ја пропушти шансата да ги затвори прашањата за ЕУ и НАТО.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.