ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи и Димитров во Брисел на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија ОСМАНИ: ПО ЗАВРШУВЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ ВЛАДАТА Е ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕНА НА РЕФОРМИТЕ
09:13, понеделник, 13 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар, Османи, задно со Министерот за надворешни Работи, Никола Димитров, ја започнаа дводневната посета на Брисел со работен појадок со Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, каде реферираа за напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси.

Вицепремиерот Османи најнапред ги претстави резултатите и постигнувањата при имплементацијата на делот 3 од Планот 3-6-9 кој беше крунисан со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори. „Фокусот на мерките и активностите од првиот дел од Планот - делот три, беше создавањето услови и одржувањето беспрекорни избори, нешто во што успеавме и што беше потврдено од страна на сите релевантни домашни и меѓународни организации кои ги следа изборите“, изјави Османи.

Натаму, Османи реферираше и за подготовките и на останатите делови од Планот 3-6-9, каде ги потенцираше областите на кој се фокусирани најголемиот дел од реформите а тоа се: реформите во судството, каде, информираше Османи, во транспарентна постапка, со вклученост на голем број домашни и меѓународни експерти, при крај е изработката на Стратегијата и акцискиот план за реформи; потоа, реформите на разузнавачките служби, каде согласно препораките, но и согласно широкиот процес на консултации, избран е модел и реформите се во финална фаза на одобрување на нивната имплементација; потоа реформата во јавната администрација, во насока на нејзина деполитизација и професионализација, за што, информираше Османи, веќе е подготвена драфт верзија на Стратегијата и акциски план; како и останатите области како борбата против корупцијата, условите за работа на медиумите, реформите во полицијата, во кои области, информираше Османи, постои напредок во подготовката на Стратегии и акциски планови кои набрзо ќе бидат објавени на јавноста и имплементирани. „По изборите, Владата повторно агресивно се посвети на реформите и дооформување на Планот 3-6-9, кој, во себе ќе ги содржи сите препораки и забелешки од релевантните извештаи и од нашите меѓународни пријатели, затоа што наша цел е, по неговата имплементација да не следи нов дел 12, туку отпочнување преговори“ – изјави Османи на средбата

Османи и Димитров реферираа и за напредокот во затворањето и на политичките прашања. Тие информираа за текот на процесот околу законот за употреба на јазици, за кој се очекува набрзо да биде изгласан во Собранието, но и за напредокот во добрососедските односи, потенцирајќи го договорот со Бугарија, како и напредокот во односите со Грција кои се движат во нагорна линија.

Во рамките на посетата, на агендата на Османи и Димитров се и средбите со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, пота, Потпретседателката и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини. Османи ќе има и свое обраќање пред независниот тинк-тенк институт, Европски центар за политика (EPC), на тема, „Планот 3-6-9: понатамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, а на маргините на посетата ќе оствари средба и со Директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ГИ УТВРДУВАМЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСТОЈНАТА ЗАСИЛЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ
ОСМАНИ: ПОЧНУВАЈЌИ ГО СКРИНИНГ ПРОЦЕСОТ, МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ТОП БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ КОМПАНИИ
ОСМАНИ: РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ПРОДОЛЖУВА НЕЗАВИСНО ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ПОМОШ ОД ГЕРМАНИЈА И ВО ОВАА ФИНАЛНА ФАЗА ЗА НАШИТЕ ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ
ОСМАНИ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ПОТТИК ЗА ИНТЕГРАЦИИТЕ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.