ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: 2018 ГОДИНА Е ИСТОРИСКА ГОДИНА ЗА НАШИТЕ ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ И ОД ХРВАТСКА ОЧЕКУВАМЕ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ОВИЕ НАШИ АМБИЦИИ
13:50, понеделник, 06 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Хрватска, оствари средба со неговата колешка Марија Пејчиновиќ-Буриќ, Заменик Претседателката на Владата на Република Хрватска и Министерка за надворешни работи и европски прашања. На средбата беа отворени темите за билатералната соработка меѓу двете земји, процесот на проширување и европската перспектива на регионот, како  и хрватската поддршка за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО. 

 Соговорниците ги потенцираа добрите билатерални односи меѓу двете земји, како основа за остварување на уште подлабока соработка, размена, како и меѓусебна поддршка за политичките амбиции. Вицепремиерот Османи се осврна на европските перспективи на регионот во контекст на евроинтегративните процеси во Македонија. Тој ја потенцираше новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата Влада во Македонија, а која граѓаните ја потврдија и на последните локални избори, покажувајќи силна наклонетост кон европските партии и коалиции. „Овој нов моментум“, истакна Османи „обезбеди поттик за Владата за имплементација на зацртаните реформи,и храбро адресирање на отворените политички прашања. Очекуваме, нашиот придонес да резултира и со конкретни чекори од страна на Европската Унија и НАТО во насока на визибилноста на нашите европски и евроатлантски перспективи. 2018 година претставува историска година за Република Македонија по прашањето на нашите интеграции и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Хрватска“ истакна Османи на средбата. 

 Во агендата на Вицепремиерот Османи за неговата посета на Хрватска се и средбите со Потпретседателот на Собранието на Хрватска, Жељко Рајнер, со Претседателите на Комисијата за европски прашања, и Комисијата за надворешна политика при Собранието на Република Хрватска, Домагој Иван Милошевиќ и Миро Ковач, каде ќе се отворат темите за регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан во рамките на европските процеси, како и за европските перспективи на целиот регион.   

На маргините од посетата, Вицепремиерот Османи ќе има обраќање пред дипломатските претставници во Хрватска, кое ќе со одржи во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Загреб, на тема „Нова страница за Македонија: 2018 – година на кредибилна перспектива за проширување“. 

Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.