ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Вицепремиерот Османи во работна посета на Париз ОСМАНИ: „ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВЛАДАТА ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА“
15:14, вторник, 24 октомври 2017

Во текот на работната посета на Париз, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа одделни средби со Емануел Ленан, советник во Кабинетот на Премиерот Филип, Сабине Тилае, Претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното собрание на Република Франција и со Бертранд Соре, Претседател на Франко-Македонската група во Француското Собрание.

На средбите, Вицепремиерот Османи ги информираше соговорниците за текот на спроведувањето на реформите, содржани во Планот 3-6-9, посочувајќи го притоа привршувањето на делот три од  Планот 3-6-9, чија реализација завршува со завршувањето на локалните избори. Османи посочи на одличната атмосфера и услови за одржување на првиот круг од локалните избори кои поминаа во мирна, фер и натпреварувачка атмосфера, што беше потврдено во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, поддржан од Делегацијата на ЕУ, амбасадата на САД, како и релевантните домашни набљудувачи.

Османи ја потврди и посветеноста на Владата за натамошно спроведување на длабоки реформи во насока на унапредување на евроатлантските процеси на земјава. „По завршувањето на локалните избори Владата се враќа на реформската агенда, и уште поагресивно ќе се посвети на мерките и активностите кои се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија“ – истакна Османи. Тој додаде дека граѓаните испратија јасна порака до политичките претставници, во првиот круг на локалните избори, што претставува потврда за исправноста на евроатланската агенда на Владата .

Во продолжение, беа отворени темите за европските предизвиците со кои се соочуваат сите европски земји, без разлика дали се, или не се членки на Унијата, меѓу кои, секако е и нашата земја. Беа разменети мислења за предизвиците кои произлегуваат од мигрантската криза, напливот на политички радикализам на европското тло, заканата кон општествата поради проширувањето и влијанието на лажните вести итн. Беше оценето дека се работи за заеднички предизвици, за кои е потребно интензивирање на меѓусебната соработка, а од страна на Вицепремиерот Османи беше изразена недвосмислена волја на Република Македонија и со сопствен придонес и соработка да се вклучи во справувањето со овие предизвици.

Претходно, Вицепремиерот Османи се сретна и со Министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, на која разговараше за евроатлантските перспективи на земјава и можните конкретни чекори од страна на Франција и останатите земји- членки на Унијата за поддршка на напредокот на земјата кон интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.