ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Отворен повикот за Чивнинг стипендии на британската влада
09:47, среда, 04 октомври 2017

Во периодот од 7 август до 7 ноември 2017 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната година 2018/2019. Aпликациите се поднесуваат на www.chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на магистерски студии на кој било британски универзитет и ви ја дава можноста да станете дел од влијателна глобална мрежа на 46 000 стипендисти.

За учебната година 2018/2019 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии. Овие стипендии се значајна инвестиција од Владата на Обединетото Кралство за развојот на идните генерации на глобални лидери.

 

Изјава на Чарлс Гарет, Британскиот амбасадор во Република Македонија: 

„Британија како глобален актер  е дом на некои од најдобрите универзитети во светот и најпочитуваните академици. Британското високо образование ја промовира размената на информации и идеи, како и проширување на знаењето и комуникацијата меѓу студентите. Чивнинг стипендистите преку влегувањерто во тој свет ги надградуваат нивните академски, професионални и лични способнодти како резултат на времето кое го поминале во Британија.

Чивнинг стипендистите се од најдобрите сектори во нивните земји, а по нивниот престој во Британија го споделуваат најдоброто од Британија во нивните земји. Клучна улога во создавањето на мостови меѓу земјите имаат Чивнинг стипендистите и алумни асоцијациите во многуте земји.

Во изминатите 34 години голем број лица биле дел од Чивнинг програмите, а потоа станале лидери во многу сектори. Да се биде дел од мрежата на Чивнинг дава силно чувство на гордост и дговорност. Лично сум посведочил како на многу лица оваа можност им го сменила животот.“  

 

Дополнителни информации:

За детални информации и критерумите за аплицирање посетете ја www.chevening.org/faqs.

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет – најечсто за едногодишни магистерски студии – за индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.

Чивнинг постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот (со исклучок на САД и ЕУ). За учебната 2016/2017 година беа доделени над 1500 стипендии. На глобално ниво има над 48 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент –официјална резиденција на британскиот секретар за надворешни работи.

Повеќе информации на www.chevening.org  

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.