ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НАЈНОВИТЕ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ПРИБЕ ВО ЦЕЛОСТ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ПЛАНОТ 3-6-9
19:36, недела, 24 септември 2017
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи во рамките на посетата на Салцбург, Австрија каде присуствуваше на Тринаесетата конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји - членки на ЕУ“, во организација на Институтот на Регионите на Европа, оствари средба со Вицеканцеларот и Министер за правда на Република Австрија, Волфганг Брандштетер.

На средбата, Вицепремиерот Османи го запозна Вицеканцеларот Брандштетер со новата политичка состојба во Македонија, новиот европски оптимизам и европска агенда на Владата, како и Планот 3-6-9, како реформски план за откочување на евроинтегративните процеси на Македонија. Во рамките на Планот, особено се разгледуваше делот на реформите на правосудството кои се содржани во Планот 3-6-9, како и забелешките и препораките во Извештајот подготвен од страна на високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе. „Со внимание го проследивме новиот извештај на високата експертска група, предводена од Рајнхард Прибе, и при изготвувањето на деловите шест и девет од Планот 3-6-9, истите во целост ќе бидат имплементирани“, изјави Бујар Османи на средбата.

На средбата беше отворена и темата за предизвиците врзани за мигрантската криза, при што, Вицепремиерот Османи ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија, за целсона соработка со Фронтекс и телата на Европската Унија кои работат на справување со ризиците од мигрантската криза согласно нормите, принципите и правилата на Европската Унија.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.