ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СОГЛАСНО РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС И ПОЗИТИВНАТА КЛИМА ОЧЕКУВАМ ЕУ СООДВЕТНО ДА РЕАГИРА
13:37, петок, 22 септември 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи имаше средба со Томас Осовски, специјален претставник на Сојузното министерство за надворешни работи за преговори за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ и Директор за политики на ЕУ.

Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата изрази задоволство од германската поддршка за реформскиот процес на земјава, имајќи ја предвид и оваа посета на г. Осовски, која доаѓа како продолжение на посетата на Вицепремиерот во Берлин, каде меѓу останатите, оствари средби и со Министерот за Европа Рот. Ова, истакна Османи, претставува потврда за пријателскиот однос меѓу двете земји, но и силната поддршка на Германија за процесот на проширување на Унијата, покрај иницираниот Берлински процес за земјите од Западен Балкан.

На средбата Османи го информираше Осовски за текот на реформите откако е дојдена новата Влада, го запозна со реализацијата на Планот 3-6-9, а се осврна и на надворешната политика на земјава чии резултати се веќе видливи во контекст на затворање на соседските прашања со кои дополнително се откочува процесот на европска интеграција на земјава.

Во однос овие процеси, Османи подвлече дека наредните претседателства доаѓаат од земји кои се заинтересирани за Балканот, и овде гледа можност за Агенда за проширување на Балканот. „Ако ја одржиме позитивната клима, одржиме кредибилни и веродостојни избори, и ги спроведиме реформите, очекувам и ЕУ соодветно да реагира со позитивен извештај, отстранување на условеноста на препорака за отпочнување на пристапните преговори, а соодветно на натамошните резултати, и добивање датум за преговори“, истакна Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.