ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ТРЕТ ЗАЕДНИЧКИ КОМИТЕТ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ОСМАНИ: РЕГИОНАЛНИОТ ЕВРОПСКИОТ ОПТИМИЗАМ ПРЕТСТАВУВА НЕПОВТОРЛИВА ШАНСА ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ ОД БАЛКАНОТ
12:14, понеделник, 18 септември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше домаќин на Третиот заеднички комитет на Република Македонија и Црна Гора, кој се одржа во Скопје. Од страна на Црна гора беше присутна висока делегација предводена од Министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, г-дин Александар Андрија Пејовиќ. Состанокот се одржа во рамките на Договорот за соработка меѓу двете Влади во процесот на европските интеграции.

Пред почетокот на состанокот, во седиштето на Секретаријатот за Европски прашања, се одржа прес конференција на која се обратија двајцата Министри за европски прашања. Вицепремиерот Османи изрази задоволство од континуираната соработка меѓу двете земји, особено фактот што преку овој заеднички Комитет, се создава основа за размена на искуствата и стекнатите знаења кои имаат силно влијание врз унапредување на евроинтегративните процеси на целиот регион. „Македонија, на пример, прва во регионот пристапи кон процесот за Стабилизација и Асоцијација уште во 2001 година, и во наредниот период силно напредуваше во пристапување кон ЕУ. Нашите искуства тогаш ги споделувавме со сите земји од регионот, меѓу кои, секако и со Црна Гора. Денес, откако ние изминавме еден подолг период на застој во напредокот кон ЕУ, црногорското искуство, како земја која ги започна и успешно напредува во преговорите со ЕУ, несомнено претставува важна придобивка, како за Македонија, така и за останатите земји - аспиранти од Регионот“, истакна Османи, пред започнувањето на состанокот.

Покрај придобивките од размената на меѓусебни искуства, на состанокот беа отворени и темите за пошироката, регионална соработка, особено во контекст на регионалната соработка во рамките на ЕУ фондовите, но и останатите иницијативи како што се Берлинскиот процес, иницијативите за економска соработка меѓу земјите од Западен Балкан итн.


„Напредокот во евроинтегративните процеси на Република Македонија, за среќа, не претставуваат изолиран случај на Балканот, туку е во иста насока со новиот бран регионален европски оптимизам, кој е проширен и кај земјите членки на Унијата. Овој напредок особено се забележува во Црна Гора, која покрај отпочнувањето на преговори со ЕУ, стана и полноправна членка на НАТО. Тоа претставува добро основа, како за нашиот, така и за севкупниот регионален напредок, но секако, за нас е многу важно, што на тој пат имаме поддршка од нашите земји пријатели, каква што ја сметаме поддршката и од Црна Гора“, заклучи Вицепремиерот Османи.


Пред овој состанок на Заедничкиот комитет меѓу Република Македонија и Црна Гора, беа одржани два вакви состаноци, од кој првиот беше одржан во Скопје, додека вториот беше одржан минатата година во Бар, Црна Гора. Целта на овие состаноци е размена на искуствата помеѓу двете земји за процесот на европска интеграција.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.