ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ КОНКРЕТЕН НАПРЕДОК ЗА НАШИТЕ ЕВРО-АТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ
15:55, среда, 13 септември 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со г. Тис ван дер Плас, Генерален Директор за европска соработка, при Министерството за надворешни работи на Холандија

„Како основач на ЕУ и силен поддржувач на проширувањето, ја цениме вашата континуирана поддршка во нашите напори да започнеме преговори со ЕУ, особено во рамките на структурите на ЕУ, во Советот и неговите органи и во Европскиот парламент,“ истакна Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата.

На средбата Османи и Ван дер Плас разговараа за тековната билатерална соработка меѓу двете земји, реализираните успешни проекти и областите на унапредување на соработката, бидејќи Холандија е еден од најголемите донатори на земјава долги години, стабилен поддржувач и партнер на Македонија во евро-атлантските аспирации. Вицепремиерот Османи го истакна значењето на директната билатерална поддршка, наведувајќи ги притоа изградбата на институциите, поддршката за инфраструктурни проекти, поддршката за финансирање на мали бизниси и стартапи итн., како сегменти во кои успешно е таргетирана поддршката од Холандија. Османи побара и продолжување на холандската поддршка, како таргетирана помош, со цел да се помогне на земјава во нејзините стратешките определби - интеграција во ЕУ и НАТО.

Во продолжение Вицепремиерот Османи на средбата го запозна ван дер Плас и со текот на имплементацијата на мерките од План 3-6-9, унапредената соработка со земји од соседството, за што најдобар пример е затворањето на отворените прашања преку договорот за добрососедство со Бугарија, како и новиот позитивен политички импулс кој се создаде со посетата на министерот Коѕиас во Македонија. Тој додаде дека полека се затвораат и нереализираните обврски од Охридскиот рамковен договор со донесувањето на Законот за јазиците, со што се отстрануваат сите пречки на патот на нашите евроатлантски интеграции. „Во таа смисла, наскоро очекуваме и конкретни чекори од страна на нашите меѓународни партнери, како во затворањето на прашањето за НАТО, така и во смисла на остварување значаен исчекор за нашите европски интеграции“ – истакна на крајот Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.