ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ НА СРЕДБА СО БРГЛЕЗ: РАЗВОЈНА ПОМОШ ОРИЕНТИРАНА КОН РЕЗУЛТАТИ ЗА ПОДДРШКА НА ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА ВО ЕУ
15:28, вторник, 12 септември 2017
Денес Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи имаше средба со Претседателот на државниот збор на Словенија, Милан Брглез, кој е во еднодневна работна посета на Македонија.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји која успешно се одвива уште од 2004 година, а беа разгледани и можностите за нејзино унапредување во претстојниот период. Вицепремиерот Османи изрази задоволство од досега постигнатото во спроведувањето на проекти што се рализирани како помош од Словенија, и нагласи дека Словенија како близок партнер на Македонија е поддржувач на процесот на европска интеграција.

„Република Македонија се наоѓа во еден специфичен момент на откочување на евроинтегративните процеси, и поддршката која доаѓа од нашите земји-пријатели внатре во унијата е од исклучително големо значење“ истакна Османи на средбата. Тој додаде дека традиционално блиските релации меѓу двете земји претставуваат дополнителен потенцијал во насока на продлабочување на билатералните односи и во таа смисла Македонија на Словенија гледа како на земја - пријател внатре во Европската Унија.

Во продолжение, Вицепремиерот Османи се осврна и на билатералната помош што од Словенија доаѓа во Македонија, а која се состои од изградба на училишта, поддршка за изградба на водоводи, електронско поврзување на општините и друга помош која директно ги таргетира локалните самоуправи. „Развојната помош од Словенија е флексибилна и ориентирана кон резултати и затоа има висока исполнителност и ефикасност“ истакна Вицепремиерот Османи, заблагодарувајќи му се на г-нот Брглез за континуираната билатерална поддршка.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.