ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
СРЕДБА ОСМАНИ- КОЅИАС: ОСМАНИ: СО МЕРКИТЕ ЗА ДОВЕРБА, СО ДОБРА ВОЛЈА, ПРОЦЕСИТЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ОТКОЧИМЕ
16:18, четврток, 31 август 2017
Заменик Претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој е во еднодневна посета на Република Македонија. 

На средбата, Османи и Коѕиас разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји a кои се отворија со новиот политички импулс во односите со соседите кој го донесе новата Влада. На средбата, Османи му го претстави и Планот 3-6-9 на Коѕијас, чија имплементација, како што истакна Османи, е во насока на откочување на процесите поврзани со европската интеграција на Македонија. 

Вицепремиерот Османи особено ја истакна успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС. „Во овој дел, иако постои веројатно и најголем напредок во соработката меѓу двете земји, тоа се сегменти кои сѐ уште имаат и најголем потенцијал за унапредување на меѓусебната соработка, како важен сегмент од изградбата на доверба меѓу двете општества,“ подвлече Османи.Вицепремиерот Османи изрази задоволство од унапредувањето на меѓусоседската соработка меѓу двете земји, и посочи дека изградбата на довербата не ја гледа само како обврска да се биде добар сосед и пријател, туку и заложба од тоа да произлезе и решение за нашата насушна потреба за членство во НАТО. „Ако ја зачуваме оваа енергија, ако го зачуваме ова ново пријателство, ако ја зачуваме оваа волја која и двете земји овој период јавно ја демонстрираме, решение ќе има“, додаде Османи.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.