ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
10:59, четврток, 31 август 2017

Почитувани,

Имајќи предвид дека, во медиумите се појавија одредени нецелосни и нејасни податоци околу имплементацијата на мерките и активностите од Планот 3-6-9, особено во делот на ингеренциите на Министерството за Внатрешни Работи, следи дополнителна информација:

Следејќи ги приоритетите на Владата на Република Македонија за отпочување на реформскиот процес кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на институциите, враќање на демократските вредности и нивно доследно почитување, отворена соработка со граѓанското општество, Министерството за внатрешни работи ја изрази својата подготвеност за активно вклучување во планирање и спроведување на неопходните реформи.

Во таа насока, министерството е носител на активностите кои се однесуваат на:

  1. Реформа на разузнавачките служби
  2. Борба против организиран криминал и
  3. Миграции

Имајќи ја предвид широката надлежност на министерството, учесник е и во активностите кои се однесуваат на спроведување на фер и демократски избори, зајакнување на надзорната контрола на Собранието на РМ, зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор, реформи во правосудството. Поточно, Министерството учествува во работните групи за подготвка на Предлог-законот за зашитита на сведоци и Законот за заштита на приватност кои се во надлежност на Министерството за правда. Текстот на предлог-законот за заштита на сведоци е подготвен.

Приоритетите кои се зададени во овие области се од исклучително значење и токму затоа во изминатиот период ресурсите во министерството беа насочени кон нивна реализација.

Притоа, постигнат е следниот напредок:

Приоритет

Степен на исполнетост

Процент

1. Реформа на разузнавачките служби

 

5/6

83%

2.Борба против организираниот криминал

3/3

100%

3.Миграции

5/5

100%

 

 

94%

Приоритет: Реформа на разузнавачките служби

Во овој приоритет се предвидени шест мерки, од кои три се целосно исполнети, а три се во напредна фаза и ќе бидат завршени во предвидениот рок.

  1. Започнување со инклузивна дискусија во Собранието за избор на моделот за реформа на системот на следење на комуникациите.

Статус: Директорот на УБК редовно учествува на седниците на надзорните тела во Собранието, во тек е подготовка на сеопфатна дебата во Собранието.

  1. Подготвување план за реализација на препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), со листа на правни акти, административни и технички мерки и финансиски импликации.

Статус: Во тек е подготвка на работната група која ќе биде задолжена за реализација на оваа активност.

  1. Операционализирање на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал.

Статус: Правните акти неопходни за функционирање на овој центар се изработени, обезбедени се соодветни простории, направена е оценка за подготвеноста на инситуциите за операционализација. Во тек е техничко опремување на просториите.

  1. Дефинирање на модел и правна рамка за надворешен независен механизам за надзор на работата на полицијата во соработка со Советот на Европа и Народниот правобранител.

Статус: Моделот е дефиниран, подготвена е информација и е доставена до Владата.

  1. Формирање и именување на членови на Национален комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација која води кон тероризам.

Статус: Владата ги донесе одлуките за формирање на Комитетот и именување на членовите. 

  1. Назначување Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и негови заменици.

Статус: Владата ги донесе одлуките за именување на координатор и заменици.

Приоритет: Борба против организираниот криминал

  1. Започнување со реформа на одделението за борба против корупција во МВР

Статус: Се започна со планирање на мерки за зајакнување на ова одделение.

Рокот е септември 2017 година.

  1. Зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓуинституционална работна група со цел зајакнување на капацитетот и експертизата за спроведување на истраги и конфискација на имот на посистематска основа

Статус: Владата усвои информација за потребата од подготовка на стратегија и го овласти министерот да превземе активности за формирање на работната група. Активностите се во тек. Рокот е септември 2017.

  1. Овозможување опрема/пристап и потребен персонал за спроведување на следење на комуникации на Царинската Управа и Финансиската полиција, зависно од моделот кој ќе биде избран за реформа на разузнавачките служби

Приоритет: Миграции

  1. Формирање на преговарачки тим, усвојување на преговарачки позиции и започнување на преговори за Статусниот договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража

Статус: Тимот е формиран, преговорите се започнати. Координативен останок ќе се одржи на 15 септември 2017 година.

  1. Иницирање технички состаноци со ЕК за усогласување на националниот систем со релеватните барања на ЕУ и Шенген правилата

Статус: Испратено е барање за одржување на состанок.

  1. Формирање специјална единица (task force) за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, составена од претставници од Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција и МВР

Статус: на иницијатива на МВР на 13 и 14 септември ќе се одржи регионална работилница со преставници на Србија и Грција, по што ќе се започне со формализирање на единицата.

  1. Организирање регионална работилница со учество на националните координатори од земјите од Западен Балкан и ЕУ за борба против трговија со луѓе

Статус: Работилницата ќе се одржи во текот на ноември 2017 година.

  1. Ревидирање на Законот за азил и времена заштита согласно препораките на експертот на ЕК

Статус: Предлог-законот е подготвен.

Сподели ја содржината!
Вести
МАКЕДОНИЈА ДОБИ ИНВЕСТИЦИСКИ ГРАНТ ВО ИЗНОС ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА КАКО НЕПОВРАТНА ПОМОШ
ОСМАНИ: ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОДДРШКАТА НА ЧЕШКА ЗА НАШАТА ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ И ВО ИДНИНА
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД СТРAНА НА КИНА СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
ОСМАНИ: ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ВО ЕУ Е ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС
ОСМАНИ: ПОТРЕБНО НИ Е ИСКУСТВОТО НА ЕСТОНИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕТО ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ И ПРЕГОВАРАЧКА СТРУКТУРА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.