ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПРЕДЛОЗИТЕ ОД ИПА СТРУКТУРАТА И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЌЕ БИДАТ ОСНОВА ЗА ИЗГОТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ВО НОВИОТ МАСТЕР ПЛАН ЗА РЕФОРМИ НА ИПА
15:23, петок, 25 август 2017
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа трибина посветена на ИПА, на која Заменик Претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален ИПА координатор го презентираше статусот со искористувањето на средствата од ИПА, пред структурата задолжена за реализација на овие средства, но и пред граѓанските организации во чии интерес е распределбата на странската помош во Македонија.

Тема на трибината беше „ИПА: ПРЕСЕК И СОСТОЈБА - Унапредување на апсорпцијата на ИПА средствата“. Вработени во стручните служби на Секретаријатот направија презентација на статусот на ИПА, во кој детално е прикажана состојбата во ИПА структурата. На трибината беа прикажани податоците за искористеноста, пречките, проблемите и предизвиците, како и првичните заклучоци за можни подобрувања.
Според подготвениот извештај, искористеноста на таканаречениот ИПА 1, чија распределба на средства се одвива во периодот од 2007-2013 година, е околу 70%. Извештајот покажува дека 120 милиони евра е пропуштено да бидат искористени во минатото, а за дополнителни 30 милиони евра, постои ризик да бидат изгубени, доколку не се реализираат до крајот на годината.

За ИПА 2 2014-2020, каде на располагање за распределба во периодот од 2014 до 2020 година, се ставени нови над 600 милиони евра, 445 милиони евра се веќе програмирани, што значи, распределени за натамошна имплементација по проекти. Сепак, според извештајот, и кај ИПА 2, над 40 милиони евра веќе се изгубени и во фазата на самото програмирање, а притоа, сѐ уште е актуелен и ризикот за нецелосна реализација на она што е веќе испрограмирано, слично како и кај средствата од ИПА 1.

Пред почетокот на трибината, Вицепремиерот Османи одржа брифинг за новинарите на кој детално го образложи изветајот за состојбите со ИПА, по што имаше и обраќање до медиумите.

„Денес, ја собрав целата ИПА структура, за да ги отвориме пречките, проблемите, недостатоците и воопшто сите предизвиците кои стојат на патот на реализацијата на ИПА средствата. Поканет е и граѓанскиот сектор, затоа што од нив постојано добиваме и критики и забелешки но и многу конструктивни предлози како да ја подобриме реализацијата на средствата“, истакна Османи во своето обраќање. Тој изрази оптимизам дека ќе бидат изготвени квалитетни мерки и решенија кои ќе бидат дел од новиот Мастер план за реформи на ИПА, бидејќи, како што рече, во ИПА структурата препознал професионален кадровски капацитет кој со политичка поддршка и фокус кон предизвиците ќе успее да ги надмине предизвиците и ќе обезбеди унапредување на апсорпционата моќ на државава за зголемено искористување на средствата од ИПА.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.