ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Работен состанок Бујар Османи – Бертолини ОСМАНИ: ПОДГОТВУВАМЕ МАСТЕР ПЛАН ЗА РЕФОРМА НА ИПА СИСТЕМОТ
10:30, недела, 20 август 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа состанок со Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разменуваа мислења и податоци за состојбите околу реализацијата на проектите и апсорпцијата на ИПА средствата.

Вицепремиерот Османи го информираше Бертолини за напредокот во реализирањето на предизвиците на инфраструктурните и другите проекти. Соговорниците се согласија да посветат особено внимание на итните проекти, и преку редовна размена на податоци да сторат максимални напори за реализација на овие проекти во предвидените рокови. Османи го претстави и останатите предизвици со кои се соочува како ИПА координатор, а кои претставуваат одлучувачки фактори за апсорпционата моќ за искористување на средствата од ИПА. „Остварив работни средби со министерствата, градоначалниците и други претставници на институции, со цел директно да се информирам за предизвиците и пречките во реализација на проектите финансирани од ИПА“ – истакна Османи.

Вицепремиерот Османи го извести Бертолини, дека, за адресирање на предизвиците, подготвува обемен Мастер план, кој ќе биде поделен според итноста на мерките, а со кој се планира ревизија и унапредување на работата на ИПА структурата, со цел подигнување на искористеноста на средствата од ИПА. За овие реформи, Османи очекува поддршка како од делегацијата на ЕУ во Скопје, така и од институциите задолжени за ИПА во рамките на Европската унија.

На крајот на средбата, Вицепремиерот Османи, и раководителот за Соработка при ДЕУ, Бертолини изразија задоволство од меѓусебната соработка, но, заеднички констатираа дека апсорпцијата на ИПА фондовите во Македонија може значително да се подобри. Соговорниците се договорија заеднички да ги адресираат предизвиците за отстранување на пречките за реализација на проектите, за што договорија и одржување на редовни заеднички состаноци.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.